Голема прослава во домот на синот на пејачот Војо Стојаноски – да беше жив, ќе се гордееше со нив
Ова е внуката на Војо Стојаноски
Младиот пејач ретко споделува вакви моменти
Младиот македонски фолк-пејач Дамјан Стојаноски, син на легендарниот Војо Стојаноски, имаше посебна причина за радување.
Имено, Дамјан и неговата сопруга Елена на ќерката Јана го прославија вториот роденден, па грдиот татко на својот профил на социјалните мрежи сподели фотографија од наследничката.
Инстаграм/ Дамјан Стојаноски
„Среќен роденден Јана“, Напиша тој, а фотографија од настанот сподели и кумот на Дамјан, хармоникашот Мишел Трајковски (повеќе за ова тука).
Инстаграм/ Дамјан Стојаноски
Инстаграм/ Дамјан Стојаноски
Потсетуваме, Дамјан и Ели покрај Јана го имаат и синчето Војдан кој имаше две години кога си доби сестричка.
Инстаграм/ Дамјан Стојаноски
Дамјан е син на легендарниот македонски фолк-пејач Војо Стојаноски, кој почина пред десет години на 65 годишна возраст.
Принтскрин/ Јутјуб
Неговиот син продолжи да чекори по неговите стапки, а денес важи за еден од омилените пејачи како кај нас, така и во дијаспората.
Тој ја продолжи мисијата на својот татко, па преку песните работи на афирмацијата на вистината за Македонија.
„Секако дека сите го паметат и ќе го паметат уште долго преку неговите песни. Татко ми беше за мене најдобар родител и најдобар другар. Од него научив многу работи како за музиката ,така и за животот. Бев премногу поврзан со него и заедно имавме многу животни ситуации. Нему семејството му беше на прво место и беше секогаш расположен да даде добар совет ако требаше знаеше и да биде строг. Секогаш за наше добро“, се присети младиот пејач на својот татко во една пригода во интервју за Гламур магазин.