Голема прослава во домот на Борко – еве од кого го доби најубавиот подарок за својот 41. роденден (фото)
Познатиот македонски ракометар ги дувна свеќичките заедно со децата.
Борко испрати важна порака преку Инстаграм и откри колку години наполни.
Ракометарот Борко Ристовски славеше роденден заедно со најблиските.
ФОТО: Инстаграм / Борко Ристовски
Во 2018 година Борко заплови во брачните води заедно со неговата избраничка, дизајнерката Нина.
Плод на нивната љубов се нивните две деца, синот Душан и ќерката Анастасија.
ФОТО: Инстаграм / Борко Ристовски
Борко и Нина се максимално посветени на семејството и секој момент го поминуваат заедно.
Во слободно време обожаваат да патуваат и да посетуваат различни места заедно со своите деца.
ФОТО: Инстаграм / Борко Ристовски
Нина е поактивна на социјалните мрежи и често споделува фотографии од нивните авантури.
Анастасија како најмал член е центар на внимание на целото семејство.
ФОТО: Инстаграм / Борко Ристовски
Во кругот на семејството Борко го прослави и својот роденден.
Тој сподели фотографии од неговата мини забава, а свеќичките ги дувна заедно со Душан и Анастасија.
„Мала торта за голема бројка на години.
Немам што да додадам. Трудете се секој ден да бидете што е можно подобри.
41 Година а се осеќам како 25“, напиша тој во опис на фотографиите.