Голема причина за славење во домот на семејството Цаноски: Познатот бизнисмен објави емотивна порака, ги изненади сите!
Во семејството Цаноски имаше голема причина за славење.
Бизнисменот и директор на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски напиша емотивни пораки за двете најважни личности во неговиот живот.
Сефер е доста активен на социјалните мрежи, каде често споделува и моменти од приватниот живот.
Често, остро и без влакна на јазикот, на социјлните мрежи ги искажува своите ставови оклу актуелните случуваа во Македонија. е ги поштедува ниту политичарите.
Тој е еден од најуспешните бизнисмени во земјава. Во приватноста е сопруг и татко на деца.
Речиси десет години беше во брак со ќерката на некогашниот сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски, Лејла Рамковска.
Во бракот со Лејла доби две деца, син и ќерка.
Откако се рзведоа, тој и Лејла и понатаму останаа во добри односи, a по разводот со неа тој стапи во брак со преубавата Турчинка Сезен.
Како што двајцата објаснија за медиумите, станувало збор за љубов на прв поглед.
Тие се сретнале сосема случајно на улиците на Таксим, каде Сефер бил на службено патување.
„Пиев кафе на коридор во 20 милионскиот Истанбул кога се појави пред мене. Се погледнавме очи во очи и во истиот момент и двајцата го почуствувавме истото! И викам, извинете, дали зборувате англиски?, а таа ми се обрати со убав чист англиски јазик, што за Истанбул и Турција е тешко да го најдеш. Но не беше до англискиот…
За првпат во живот ни се случи љубов на прв поглед. Сезен е најискрената женска личност што сум ја запознал во мојот живот. Германска култура. Турска чесност и почит. И современа жена со широки погледи“, откри Сефер.
Иако и Сезен во Турција имала завидна кариера, одлучила сѐ да жртвува и да ја напушти Турција, за да дојде во Македонија да живее со Сефер.
Круна на нивната љубов се нивните две ќеркички Алара и Алја.
Сефер често споделува фотографии од своите деца и хармонијата која владее во нивното семејство.
На 15 јуни по повод роденденот на неговата мајка сподели фотографија од неа и малата Алара, во чиј опис напиша емотивна порака.
„Среќен роденден мамо. Среќни сме и горди што те имаме во нашите животи.
Остани силна и здрава уште 100 години“, напиша Сефер на Фејсбук.
Под фотографијата веднаш почнаа да се нижат лајкови и коментари со честитки.
По повод светскиот ден на таткото Сефер сподели неколку фотографии со својот татко, добро познатиот бизнисмен Фијат Цаноски.
Инаку, светскиот ден на таткото се одбележува секоја трета недела на месец јуни.
Така ја почитуваме улогата на татковците во градењето на ликот на децата, но како целина според традицијата вклучувајќи ги сите мажи кои се грижат за децата и учествуваат во градењето на ликот – татко, дедо, чичко, друг роднина или ментор.
„Среќен и благословен да те имам.
Среќен ден на таткото“, напиша Сефер на Фејсбук.
Сефер е голем љубител на спортот, а изминатиов период не помина ден да не напише порака за поддршка на македонската фудбалска репрезентација за учеството на Европското првенство.
Мечот Холандија-Македонија, беше последен меч кој фудбалерот Горан Пандев го одигра за Македонија.
Сефер на Фејсбук сподели фотографија од неговиот син Каан и Пандев, а во опис напиша:
„Честито легендо !
Фала ти за се што направи за нашата држава.
Ти си и ќе останеш мотив за многу генерации“, стои во описот.