Голема причина за славење во домот на Стојанче Ангелов – ги собра НАЈБЛИСКИТЕ, честитки пристигаат од сите страни!
Голема причина за славење имаше во семејството на директофот на ЦУК, се собраа најблиските, а честитки не престанаа да се редат.
Важат за еден од најскладните парови во Македонија, а и двајцата може да се пофалат со неверојатен изглед и линија.
Стојанче Ангелов е претседател на партијата „Достоинство“ и поранешен генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција.
Пред 8 месеци Владата го именуваше Ангелов за в.д. директор на Центарот за управување со кризи.
Ангелов е долги години во брак со женатс која го освои неговото срце, Јасминка Ангелова.
Тие се пар кој се бори за правда, достоинство на народот. И покрај сите бури и животните предизвици, нивната љубов била посилна од се.
Таа, дел од МВР и жена која отворено влезе во војна со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Јасминка и Стојчане имаат по една ќерка од претходните бракови, а круна на нивната љубов им се заедничките син и ќерка.
Сите заедно се едно големо, среќно семејство.
Нивната љубов започнала пред повеќе од 15 години, на работното место.
Еден за друг велат дека се сродни души, грнче и капаче.
Јасминка во свое интервју има кажано дека Стојанче е токму половината која ѝ недостасувала цел живот.
Таа откри дека Стојанче обожава да готви за своето семејство и дека помага многу во домашните обврски.
Најважно за нив за да се одржи љубовта и да трае е да се даде најдоброто од себе.
Иако народот има слика дека политичарите се дтудени луѓе без еноции, Ангелов го докажува спротивното.
Тој често знае да сподели и романтични фотографии со својата сопруга и јавно да ѝ изрази љубов.
По повод нивната годишнина во 2014 година тој напиша романтична порака која ја објави јавно, посветена на неговата сакана Јасминка.
Деновиве имаше голема причина за славење во нивниит дом.
Политичарот го прослави 49-от роденден заедно со членовите од неговото семејство.
На Фејсбук тој сподели фотографија на која целото семејство позираше покрај роденденската торта од Јасминка за Стојанче.
Насмевките на лицата кажуваат сѐ.
Стојанче пресреќен во опис на фотографијата напиша:
„Роденденска торта со мојата сопруга Јасминка и моите чеда Каролина, Сара и Марко. Да нема недоразбирања, бројот е 49“.
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов