Голем шок за сите, ова никој не го очекуваше – Мики Секуловски го изгуби дуелот, но не и оваа дама!
Пејачката од Македонија повторно растури
Ова беше убедливо нејзиниот најдобар настап досега
Оваа сабота гледачите од Македонија со нетрпение го чекаа настапот на Андријана Петрушовска во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа во претходната емисија ги воодушеви сите кога настапи со песната „Јовано, Јованке“, но и со старото македонско знаме со Сонцето од Кутлеш, кое заради нашиот јужен сосед Македонија мораше да го замени. Петрушевска беше фантастична и овој пат, така што директно се пласираше во финалето, додека пејачката од Хрватска, Николина Перковиќ, со која што настапи замина во бараж.
Убавата Македонка овој пат на сцената се појави со песната Бато од Калиопи и буквално растури со својот вонсериски глас.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Облечена во шик металик комплет и со бел шешир на главата, Андријана изгледаше како светска ѕвезда, со својот моќен глас оставајќи го жирито, но и публиката без зборови уште од самиот почеток.
Нејзиниот настап погледнете го во продолжение…
За разлика од Андријана, Мики Секуловски кој цело време е еден од фаворитите во шоуто, како и Мелиса Зијадиќ од Лажани, прилепско, не успеаја директно да се пласираат во финалето. Тие изгубија во дуелот од своите противкандидати, но на крај Саша Поповиќ направи преседан и сите ги изненади со одлуката што ја донесе.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, тој и овој пат не можеше да одлучи кој да помине, а кој да испадне, па на крај реши сите да одат во финалето.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Големото финале ќе се случи следната сабота, кога најдобрите од финалистите ќе се избираат со гласови на публиката.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Немам јас срце никого да исфрлам бидејќи сите се добри да одат во финалето“, изјави Поповиќ и ги израдува сите.
Како изгледаше и овој момент погледнете на крајот од видеото…