LIFESTYLEХороскоп

Голем хороскоп за АПРИЛ: Само еден знак ќе има среќа на сите полиња!

Advertisement

Овен

Овој месец ќе мора да поработите на личните односи со луѓето кои ви се блиски. Ако ништо не ви поаѓа од рака, почекајте ја втората половина на април за да се уверите дека не е сѐ така црно како што мислите.
Некои луѓе од кои сте очекувале безрезервна поддршка ќе ви свртат грб кога најмногу ќе ви бидат потребни и ќе морате сами да се соочите со бројните проблеми.

Advertisement

Промени ве очекуваат и на љубовен план. Се уморивте да влегувате од врска во врска во потрага по вистинската личност, но една таква која неодмна ја запонавте до толку ќе ве импресионира што нема да знаете што навистина во овие моменти е подобро за вас. Иако на почетокот ќе се преправате дека вашите емоции не се толку силни, сепак нема да успеете да ги потиснете чувствата.

Бик

Месецот би требало да ви почне едноставно, но вие не би биле вие доколку сами не ги искомплицирате работите. Само неколку лоши одлуки ќе ве однесат на сосема погрешен пат и наместо да бидете поблиску до целта, вие ќе се одалечите уште повеќе и на тој начин ќе се соочите со уште поголем број на обврски. Пред секоја одлука добро размислете за сите фактори кои влијаат на таа одлука, порано или подоцна.

Понекогаш треба да заборавите на гордоста, да ги прифатите советите од колегите кои работат подолго од вас и кои имаат вистински намери да ви помогнат.

Не е сѐ така црно за вас. Во третата недела од април ве очекува убаво дружење со пријателите и тогаш ќе заборавите на бројните проблеми на професионален план и ќе можете да се опуштите. Во текот на тоа дружење можни се и некои нови запознавања, а вие ќе почувствувате позитивна енергија и ќе покажете харизма на која многумина нема да можат да ѝ одолеат.

Близнаци

Нема да можете долго да бидете мирни и спокојни во април. Ве очекуваат бурни и напорни разговори и преговори без огед за кој аспект од вашиот живот се работи. Ќе мора сериозно да разговарате во која насока се движи вашата врска. Од друга страна ќе се сочите со финансиски проблеми колку и да се обидувте да заштедите некој денар.
Здравствената состојба ви е стабилна, но ќе мора да се откажете од некои лоши навики, особено од пушењето.

Рак

Вашата кариера ќе биде доведена во прашање, откако многумина кои сметаат дека сте најслабата алка во фирмата тоа повторно ќе го стават на дневен ред. На крај ќе се изборите за работното место ветувајќи дека ова е само еден лош период за вас, но тоа во иднина навистина ќе мора и во пракса да го покажете.

Вашиот партнер нема разбирање за вашите хирови кои од ден на ден се сѐ поголеми. Во втората половина од месецот некои од вас ќе добијат интересен предлог за едно романтично патување, ќе имате можност да разрешите некои дилеми со саканата личност.

Ќе почувствувате болки во слепоочниците и најдобро ќе биде да го проверите крвниот притисок бидејќи и сами знаете дека имате генетски предиспозиции за ова. Откажете се конечно од солената и од мрсната храна.

Лав

Ќе се борите храбро со сите животни предизвици. На професионален план, работите ќе тргнат на подобро. Конечно ќе научите како треба да се однесувате со соработниците и тоа ќе ви донесе убави моменти.

Во љубовта ве очекува бурен период, колку тоа и да ви здосади во меѓувреме. Доста ви е од драма, игри и губење време со личности кои тоа не го заслужуваат. Понекогаш едноставно фантазирате за долга и стабилна врска без турбуленции, но во април нема да имате простор за стабилизирање. Вашиот авантуристички дух нема да се смири во наредниот период и постојано ќе барате нешто ново.

Можни се пробеми со гласните жици. Внимавајте и на имунитетот.

Девица

Ќе научите многу нови и убави нешта на вашето работно место, а ќе ви се отвори и врата за нови професионални предизвици. Ќе имате финансиска добивка во втората половина на април, но не толку спектакуларна каква што сте очекувале.

Конечно ќе дојде време за промена во вашиот животен простор. Имате добри идеи кои ќе успеете да ги реализирате заедно со партнерот на кого максимално му верувате.
После подолго време главоболките ќе исчезнат и конечно ќе се почувствувате здрави како дрен.

Вага

Роковите се кратки, но вие ќе успеете сѐ да завршите во предвиденото време. Работата не може да трпи, иако приватниот живот ви е прилично неорганизиран. Семејството и пријателите сакаат да поминуваат повеќе време со вас, но тоа на почетокот од април едноставно нема да биде возможно.

Во последно време качивте неколку килограми, но тоа не сакате да си го признаете и секој муабет за режим на исхрана го игнорирате. Јадете на нервна база, а подоцна сте депресивни и тоа на подолги патеки може сериозно да ви се одрази на здравјето. Ако не можете самите да се изборите со проблемот, бидете храбри и побарајте стручна помош.

Шкорпија

Преокупирани сте со работата, личниот профит ви е поважен од намерата да направите нешто добро и корисно за себе и за луѓето кои навистина ви значат.

Немате најдобар пристап во комуникацијата со луѓето, а тоа ќе ви донесе дополнителни проблеми и недоразбиања со партнерот. Имате заеднички цели, но не сте сигурни дали сакате да ги реализирате на вистинскиот начин.
Сите ви велат дека теба помалку да се нервирате, но никој не знае дека живеете со брзо темпо и дека не знаете поинаку. Не се откажувате од некои навики, иако се особено лоши за вашиот организам.

Стрелец

Креативни сте, но немате кому да го покажете вашиот таалент. Никого не го интересира она што го знаете и го умеете. Денес некои други вредности се на цена, а вие како сѐ уште да сте заглавени во времето и во просторот и не знаете како да се ослободите од тоа. Се обидувате да се вклопите во средината, но едноставно не ви оди.

Ги набљудувате паровите околу вас, сите ви изгледаат среќно и вљубено, но се прашувате дали сето тоа е само маска или навистина постои искрен однос. Вие сѐ уште сте во потрага по вистинската љубов. Секогаш сте биле во врска со некој кој повеќе бил заинтересиран за вашиот паричник, отколку за вашите квалитети.

Јарец

Ако и овој месец не успеете да ги испеглате односите со саканата личност, крајот на вашата љубовна врска ќе биде единствената опција. Едноставно сте уморни од бројните расправии и тоа повеќе не си го посакувате.
На работното место делувате многу самоуверено и тоа ви е добра карактерна особина. Ќе се појават некои помали проблеми во вашата канцеларија, но ќе успеете да ги решите во најкраток рок.

Во наредниот период внимавајте на личната хигиена и облекувајте се правилно. Нестабилното време на почетокот на пролетта нема да ви одговара.

Водолија

Парите во моментов ви се најважни, иако длабоко во себе знаете дека тоа е погрешно размислување. Ќе работите дополнително, нема да се штедите воопшто, но така влегувате во еден маѓепсан круг. Тоа ќе го сфатите токму во периодот што следи, кога ќе сфатите дека емоциите и нежностите од најблиските се многу поважни од материјалните нешта.

После подолго време ќе се почувтвувате одморено и здраво. Сепак, направете детален систематски преглед за и формално да се уверите дека сѐ е во ред со вашиот организам.

Риби

Целиот месец ќе ви биде поволен за нови професионални предизвици. Само од вас ќе зависи дали ќе чекате нова шанса или ќе ги искористите понудите кои веќе ги имате.

Ако сте подготвени за љубовна авантура, истата и ќе ја добиете. Во втората половина на април првпат после долго време сериозно ќе почнете да размислувате за вашиот емотивен живот.

Здравјето ви е идеално. Вие едноставно немате време да бидете болни и без енергија. Рабората и љубовниот живот ви се толку динамични што попатно се борите со сите настинки и болести и тоа засега одлично ви оди.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button