Холивуд

Голем скандал го тресе светот – ако Израел до крајот на овој ден НЕ ги уплати парите нема да биде домаќин на Евровизија

Advertisement

Уште пред самата победа на претставничката на Израел, Нета Барзилај, на Евровизија почнаа да се појавуваат и противењата овој фестивал да се одржи во оваа земја и тоа најмногу поради безбедносни причини.

Advertisement

Како можна замена за Израел уште од самиот почеток се споменуваше Австрија бидејќи претставникот на оваа земја, Сизар Сампсон, го освои третото место, но првото според гласовите на жирито.

Како што наведуваат странските медиуми Виена би можела да биде следниот домаќин на овој фестивал бидејќи државната телевизија на Израел КАН побара пари од државата за организација на фестивалот, но министерот за финансии одби да и даде на располагање средства.

Имено, Израел мора да уплати кауција во вредност од 12 милиона евра на швајцарска сметка, како гаранција за прифаќање на организација на Евровизија. Рокот за уплата истекува во вторник, односно до крајот на овој ден, и ако парите не се најдат на сметката ќе се бара друга земја да биде организатор на натпреварот, а Австрија, која пред две години беше домаќин, повторно е подготвена да ја преземе таквата улога. Поради ситуацијата КАН се обрати до израелскиот премиер Бенјаним Натанјаху со молба државата да им стави на располагање средствата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button