Реклама
Наши ѕвезди

Голем скандал во „Ѕвездите на Гранд“ заради пејачот од Македонија – Вики и Марија се испокараа (видео)

Марија и порача на Вики дека за тоа што го направи во Америка би можела да заврши во затвор?!

Реклама

По дуелот на Омар Џаферовски и Самед Џела, Марија Шерифовиќ и Вики Миљковиќ жестоко се „потфатија“ во шоуто.

Проблемот настана откако Вики која гласаше за Омар истовремено и му порача дека мора да ослабне за следниот круг, по што Марија мораше да реагира и настана вистински хаос во студиото.

„Омар, пресудија мали нијанси, кај тебе ми беше подобра емоцијата. И во првата и во второто акапела пеење. Но да ти кажам една работа. Доколку, до следниот круг не ослабнеш…“ зборуваше Вики, по што Марија ја предупреди дека станува збор за дискриминација.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

„Не, апсолутно ја поддржувам. Така е Вики“, дофрли Ѓорѓе Давид.

Маркетинг

„Тоа во цивилизација не се зборува така, престанете да бидете заостанати, невоспитани и се останато. Можеби момчето има здравствен проблем и не може да ослабне. Не сте во право“, одговори Марија, додека Ѓорѓе цело време се дофрлаше дека според него Вики е во право и дека Омар навистина треба да ослабне.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Потоа се вмеша и Цеца Ражнатовиќ, која сакаше да ја смири ситуацијата, па изјави дека можеби Омар сака така да изгледа, на што Миљковиќ само изнервирано ја праша зошто таа така не изгледа.

„Па јас сакам да сум витка“, одговори Цеца.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

„Јас само сакам да кажам дека постојат начини како тоа се кажува за да се спроведе во дело. Значи, Омер, ако ти се чувствуваш убаво во своја кожа, тогаш не слабеј. Но ако сметаш дека подобро ќе се движиш, дишеш, пееш, тогаш повели. А не, нема да го добиеш мојот глас, ако не ослабнеш“ им порача Марија на своите колеги од жирито.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

По ова настана хаос во студиото, а Вики цело време се обидуваше да дојде до збор, по што Марија и додаде:

„Цело време тропаш глупости и тоа е невоспитано. За тоа во Америка би одела во затвор, за среќа, не сме такви. Ајде одведете ја во онаа нејзино село“, зборуваше Шерифовиќ за Вики.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

„Престани, не си во право. Најпрво, престани со навреди госпоѓице Марија“, зборуваше Вики, по што Марија и врати:

„Па ти кандидатот го навреди на национална фреквенција. За што зборуваш будало?“, беше брутална Марија кон Вики.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

„Ако на момче од 22 години, кој се занимава со работа со која што се занимава, стои на оваа сцена, кој колку што јас знам не е болен, ништо не му фали. Поприлично е нормален, здрав и прав. Не треба да поаѓаме од тоа дека некој е болен, ви посакувам на сите да сте здрави, весели и среќни. Значи, треба да се потрудиш да намалиш два, три килограми бидејќи не треба да изгледаш така на тие години, објасни Вики, но Марија и порача:

„Молчи бре, не тропај глупости. Јас бев на диета бидејќи имав дискусхернија, а тоа што сум дебела, зар мислиш дека јас би заради некој ослабнала? О Господе, тоа им го препуштам на помалку талентираните пејачки, бидете слаби, бидејќи не знаете да пеете“, изјави Марија.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Потоа се вмеша и Снежана Ѓуришиќ која застана на страната на Марија и која сакаше целата работа да ја сврти на шега.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

„Ние дебелите се согласуваме со Марија“, изјави таа, па следуваше Саша Поповиќ кој кажа само убави работи за Марија.

„Кога е Марија во прашање, таа својата популарност и слава ја стекна онаква каква што е, верувајте. Таа мое да биде и дебела и слаба и каква сака, тоа е Марија Шерифовиќ. И верувајте, ако Марија ослабне, тоа не би била таа“ зборуваше Поповиќ па потоа се наврати на кандидатите кои заради истиот број гласови (6:6), се соочија уште еднаш.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Во последното надгласување мала предност имаше Самед, но Поповиќ реши дека и двајцата заслужуваат да одат во следниот круг.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button