Прочитајте го месечниот хороскоп за август 2015 година и дознајте го хорсокопскиот знак на Кејт Мидлтон, Мадона, Грејс Кели…
Овен
Во текот на август, речиси сите ќе одите на кратко или долго патување што има за цел рекреација, туризам, забава, што ќе биде во комбинација со нешто корисно и важно за вас. Ова може да биде решавање на имотно прашање, контрола на документи за имоти, стекнување право врз нешто, понуда и др. Важно е да се знае однапред дека август не е време за решавање на конфликти, конфронтации. Нема да добиете ништо, а ќе искусите фрустрација, емоционална загуба и друго. Солзите најчесто ќе бидат на вашето лице во вакви и слични ситуации. Радосни вести и настани поврзани со дете или внуче родени во знакот на Риби, Шкорпија и Рак. Може да планирате важно собирање на блиските и пријателите, специјална акција од ваша страна во врска со идна бременост, бебе или дете.
Мараја Кери 27 март, 1970
На професионално поле ќе се појави млада жена на работа или во вашиот бизнис која ќе создаде можност за развој и напредок, подобри резултати, за долгопотребните промени и друго. Добар месец за образование или кариера за жени до 35 години. Очекувајте вести во врска со нов семеен дом или за брак на маж над 35 години. Семеен празник поврзан со татко, дедо, чичко, свекот и друг маж во семејството. Неочекувана непријатност ќе ве натера да размислувате за она што треба да се промени во вашиот начин на живот: храна, спортот, повеќе одмор и сл.
Совет на „Штипка“: Не донесувајте никакави значајни одлуки за врски/односи овој месец!
Бик
Најважното успокојување за вас или за вашиот успех ќе биде од финансиска природа. Завршување на значајна исплата, на загриженост поврзана со пари што треба да ги добиете или да ги дадете. Веројатно ќе добиете пари од лице родено во знакот на Лав, Овен или Стрелец и од други заеднички акции корисни за вас со слична личност. Романтична средба за мажи до 35 години, која може да биде почеток на нова и долго очекувана врска, особено ако има вакво влијание и од другата страна. Собирање на роднини и пријатели во врска со момче или млад човек. Во август ќе дискутирате за идеи и можности од финансиска природа со пријател, колега или бизнис партнер роден во знакот на Јарец, Девица или Бик. Проблемите од јули ќе продолжат и сега, но работите постепено ќе се движат кон поволен исход. Добра среќа во решавање на проблематична ситуација.
Адел – 5 мај 1988
Ќе добиете пари или друг бенефит од жена Вага, Водолија и Близнаци, веројатно постара од 35 години. Износот ќе биде мал, но емоциите ќе бидат силни и единствени. Ќе одвоите извесно време, што ќе биде залудно потрошено, да разоткриете некоја интриги, измама или слично дејство од страна на лице со кого не живеете заедно. Изгледа дека настанот, кој ќе ве возбуди, припаѓа на минатото, но вие ќе сакате да добиете одговори на прашања кои ве измачуваат одвнатре.
Совет на „Штипка“: Не губете го опитимизмот и увереноста!
Близнаци
Во август, некои од вас ќе искусат интересен, важен или емотивен настан поврзан со човек кој живее далеку од вас. Можно патување од ваша или негова страна во врска со состанок, заедничка средба и др. Поволна време за патување за мажи над 35 години, поради семејни или романтични причини. Некои од вас може да се надеваат на успех на работа или во бизнисот, особено ако произведувате нешто или нудите услуги. Ќе добиете предлог поврзан со проширување на бизнисот, дополнителна или тековна обврзанот, со нови клиенти и друго. Можен предлог и за нова или дополнителна работа. Неочекувани лоши вести или настан поврзан со лице од семејството. Можно е да има врска со Лав, Овен или Стрелец. Лоши вести во врска со роднините. Ќе имаат чувство или ќе фатите некој кој ќе се обиде да ви украде или да земе нешто што е ваше, врз кои имате законско право или ваш личен креативен труд. Конфликтот ќе биде неизбежен и ова најверојатно нема да се заврши само на тоа.
Анџелина Џоли – 4 јуни, 1975
Ќе бидете среќни од поволен развој на здравствени проблеми кај некој близок. Среќа во лекување или интервенција за вас или ваш роднина. Завршување на некоја непријатна ситуација за вас или на некој проблем. Проблем со дете или млад човек од семејството, чие решавање не зависи од вас, но ќе влијае врз вас на одреден начин и во секојдневниот живот и врз идните планови.
Совет на „Штипка“: Читајте, информирајте се, учете нешто ново или вратете им се на старите студии!
Рак
Во август, важна улога на пријателството со млада жена родена во знакот на Бик, Девица или Јарец. Ново пријателство за младите жени-Ракови кои, сепак, ќе се судрат со човек од сложена и променлива природа. Очекувате да добиете сума пари која ќе биде сосема различна од онаа што ќе ја земете. Ситуацијата тешко дека ќе сугерира спор или конфликт, туку повеќе разочарување поради големите и, најверојатно, нереалните очекувања. Среќен настан во врска со момче или адолесцент во знакот на Водолија, Близнаци или Вага. Радосна вест или очекуван предлог за млад маж-Рак. Нов позитивен потфат или промена. Ќе сметате за нешто посебно на жена Шкорпија, Рак или Риби и тоа дефинитивно ќе се реализира на најдобриот начин за вас. Успех за жените над 35, кој допрва треба да го достигне врвот.
Аманда Срни – 26 јуни, 1991
Неповолен месец за правни или судски работи. Можно одолговлекување, одлагање или друг негативен развој за вас во оваа фаза. Ќе очекувате и ќе следите колку далеку може да стигне некој дрзок поврзани со домот или со вашето семејство на некој начин. Вие сте свесни за лагите и лицемерието, но досега од различни причини сте само набљудувач.
Совет на „Штипка“: Внимателно кога станува збор за финансиски иницијативи! Не е добро време да се започне нешто големо. Но, ако морате, не избрзувајте и побарајте совет од експерти во оваа област!
Лав
Во август ви стои опција за купување или продажба, што ќе има некоја врска со пријатели, познаници, соседи и други. Ќе разговарате за цената, условите и можности поврзани со лични предмети, имоти или стока. Присуството на момче или млад човек во вашето семејство или во професионалната средина ќе допринесе за донесување големи одлуки и за големи настани. Промени во вашиот живот, кои може да се поврзанани со маж Бик, Девица или Јарец. Љубовта или семејниот живот на ваши колеги, деловни партнери може да биде повод за интересни дискусии, собири, бидејќи и вие лично флертувате или имате љубовна врска со лице со кое имате професионален контакт. Претстојат дејствија во врска со претстојна венчавка или свадба. Можните помали здравствени проблеми се резултат на стресот и напнатоста во вашиот секојдневен живот или манифестација на паника во одредена ситуација. Одбегнувајте тензии и размислувајте за најдобар начин да се одморите и да бидете здрави на крајот од денот.
Мадона – 16 авгут, 1958
Ќе добиете пари од извор од кој што најмалку очекувате. Можни вести и настани поврзани со неочекувана добивка, пари од роднини, наоѓање заборавени пари или пари што сте ги ставиле настрана порано. Мажите-Лав ќе реагираат прилично цврсто на дејствијата на млада жена или девојка, без да размислат за емоционалната реакција на таквото однесување. Последиците најверојатно нема воопшто да им се допадне.
Совет на „Штипка“: Не инсистирајте работите да бидат по ваше! Многу полесно за вас сега е да обрнете внимание на она што другите мислат и на нивната чувствителност.
Девица
Во август, многумина од вас ќе реализираат претходно планирано патување поврзано со жена или заедно со жена. Девиците жени над 35 ќе имаат поволно време за патување поврзано со селидба. Важни контакти со жена од друго место/земја родена во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Очекувајте ослободување на имот или вашите лични предмети дадени под закуп. Опасност од кражба од вашиот дом или во домот на соседите. Неповолен месец за решавање на станбеното прашање. Добра вест во врска со зачнувањето, раѓањето на дете. Успех на дете или млад човек во семејството или во кругот на семејството на ваши најблиски. Настан или вести поврзани со веридба или свадба.
Бијонсе – 4 септември, 1981
Откривање на настани од вашето минато во кои имало голема измама, подметнување или манипулација што предизвикала солзи, болка и разочарување. Добрата вест, покана или сугестија од лице родено под знакот на Водолија, Вага и Близнаци. Веројатно ново романтично познанство со лице во еден од овие знаци. Појававување во вашиот живот на нова личност родена во знакот на Овен, Лав или Стрелец, кој допрва треба да направи промени во вашиот личен, професионален или друштвен живот. Појавата на оваа фаза е само почеток и не мора задолжително да е поврзана со блиското пријателство или други обврски.
Совет на „Штипка“: Да се биде разумен, рационален и да манифетирате умереност може да ви ги задржи подалеку проблемите овој месец.
Вага
Август ќе биде интересен и динамичен месец за вас. Патување за задоволство или туристчко, кај пријатели, семеен одмор или посета на роднини. Ако планирате промени поврзани со патување или преселба август ќе биде соодветен месец за такви активности и промени. Само што не сте донеле важна одлука во врска со патување на крајот од годината. Може да очекувате стабилни или дополнителни приходи од активности во врска со недвижен имот, имот, стока или производи. Може да продадете нешто по добра цена или да купите нешто скапо. За жени до 35 години претстои губење или кражба на мал износ на пари, нешто што може да се надомести повторно. Ќе имате среќа и ќе ја добиете помошта што ви е потребно, визија или идеја. ПРЕИСПИТУВАЈТЕ се при донесување на најсоодветно и најразумно решение поврзано со сегашниот или иден дом, куќа, дополнителен имот, вила, итн….
Моника Белучи – 30 септември, 1964
Лоши вести во врска со лице кое е поврзано со вашето семејство, но не е ваш директен роднина. Вести во врска со разделба или развод во семејство на пријатели. Кога љубовта ЗБОРУВА, бракот веќе не е пожелен – токму ова е ваш случај. Нова романтична врска ќе го уништи семејството или луѓе кои вие ги почитувате. Конфликт со една личност родена во знакот на Шкорпија, Рак или Риби. Законот е на ваша страна и останува само да се најде вистинскиот начин да се убеди другата страна во вашата чесност. Не создавајте дополнителни НЕПРИЈАТЕЛИ. Биде дипломати!
Совет на „Штипка“: Земете годишен одмор, одморајте се, релаксирајте се и грижете се за себе си!
Шкорпија
Во август може да очекувате различни вести и НАСТАНИ поврзани со деца и тинејџери од далеку и во близина, кои се дел од вашето семејство или пријателски околина. Раѓање или роденден на дете кое ќе бара посебно внимание и подароци. Некои жени Шкорпии може да бидат изненадени и воодушевени од вест за иднино мајчинството. СВАДБА. Проблеми во животот на жена над 35 години ќе ве ангажираат поради потреба да ù помогнете на некој начин, и покрај спецификите на вашиот карактер. Дали таа е виновни или не, оставете некој друг да одлучи… Во август, ќе има ситуација на вашето работно место или во вашиот бизнис која, во ситуација на губење на контрола, може да доведе до губење на позицијата, клиентите и друго. Проблемот, каков и да е, не е нов и ако некако сте успеале да се справите со истот пред тоа, ќе успеете и сега. Инаку, може себе си или некој друг да го поставите ВО ТЕСНО. Неочекуван здравствен проблем за мажи над 35 години. Нема причина од загриженост, само бидете внимателни и не сметајте на самоисцелување и не плашете се од лекарски преглед.
Грејс Кели – 12 ноември, 1929
ОДМОР поврзан со роднина од машки пол. Во август, сепак, ќе излезе на површина лицемерието на едно лице родено во знакот на Водолија, Вага или Близнаци. Тешко е да се каже кои се точните причини за таквото однесување, но зад таа личност постои влијание на друго лице родено во знакот на Бик, Девица или Јарец, што ги отежнува работите. Финансиска поврзан ост со младо лице родено во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Ќе добиете пари од човек во овој хороскопски знак. Нека тешките времиња сега не ве плашат. НОВИ, ПОДОБРИ ДЕНОВИ ќе дојдат…
Совет на „Штипка“: Ако сметате дека треба да ја смените кариерата, проценете ја вашата ситуација внимателно и ако можете, сторете го тоа!
Стрелец
Август ќе биде тежок месец за вас, бидејќи ќе бидете во ситуации поврзани со тешкотија, а понекогаш и со болни одлуки. Сите околу вас ќе водат битка за нивна лична среќа. Здравствени проблеми на некој близок роден во знакот на Водолија, Близнаци или Вага. Патување за бизнис или работа/професионален договор во друг град или држава ќе создаде услови на несигурност. Ќе бидете под притисок да барате замка или друга скриена агенда. Овој немир нема да биде од голема помош, па ако не сте сигурни, ако не се чувствувате безбедно, подобро да не одите никаде и да се обложите на вашиот внатрешен глас. На крајот на летото ќе биде тешко да се одделите од вашиот животен стил или од пријателите. Овој месец, сепак, ќе доживее еден интересен настан, кој ќе ве поврзе со ваша физичка или емотивна загуба во минатото. Најверојатно настан од вашето минато, бура од младите денови сега ќе се докаже дека се случило за добро, во ваша корист и како дел од патот кон вашиот сегашен успех, задоволство и благосостојба. Во сето ова може да учествува лице од огнените знаци Стрелец, Овен или Лав. Ќе бидете ослободени на еден или друг начин од физички или финансиски долгови, обврски или имот. Ќе искористите на најповолен начин од некоја ситуација, што ќе биде од корист за вас. Среќа во губење на едно нешто и стекнување друго.
Тејлор Свифт – 13 декември, 1989 Во момент на тага, кога ќе се чувствувате дека сте ОТКУП на нечии грешки и гревови, ќе сретнете лице Риби, Рак или Шкорпија, кое, како добар пријател или учител ќе ви помогне да излезете од оваа ситуација и да погледнете во сите ова од друг агол. Неочекувани конфликт со некој со кого претходно сте имале многу добри односи, разбирање и хармонија. Ова може да биде зет или снаа, братучед/тка и други не толку блиски роднини, веројатно во знак на Бик, Девица или Јарец.
Совет на „Штипка“: Повторно поврзете се со пријатели и соработници кои се далеку!
Јарец
Деца и млади луѓе од домот и вашето семејство ќе бидат повод за прослава, собирање или важни разговори. КРАЈ НА ОДМОРОТ за помладите претставници кој, во повеќето случаи, ќе биде започнување на нов почеток, нова форма на образование или обука во ново место, нови наставници и друго. Враќање на дете или внук од странство, од посетата на други роднини или пријатели и др. Ќе добиете пари од лице кое е ваш роднина. Не очекувајте изненадување во ваквото дело, но секогаш може да има се исклучоци. Мажите над 35 години ќе бидат во можност да ги воодушеват своите најблиски со екстра пари во семејниот буџет. Во текот на овој месец, може да добиете пари од наследство, од изнајмување на имот или наследна кирија и слично. Вести на овој план наскоро ќе ви го одвлечат вниманието. Губење или оштетување на финансиски документ. Ќе очекувате извинување или објаснување од пријатели кои ве обвиниле или ве навредиле со нешто. Во оваа фаза повеќе ќе очекувате акција од нивна страна, отколку обид од ваша за помирување или објаснување.
Кејт Мидлтон – Војвотка на Виндздор – 9 јануари, 1982
Женските претставнички на овој знак ќе имаат средба, но не љубовна, со дечко или млад човек во близина – од кругот на семејството или како финансиски и/или професионален советник. Собирање или седенка, за што ќе бидете поканети од млад човек. Жените ќе имаат повеќе ангажмани со жените од семејството, но далеку дека ќе бидат непријатни. Напротив! Силна врска или специјални дејствија со женските роднини.
Совет на „Штипка“: Пребарајте низ антикварници или понуди на стари предмети!
Водолија
Во текот на август ќе го следите развојот на настаните во врска со образованието и кариерата на дете/внуче. Веројатен третман поврзан со желба за идно дете, што ќе ве натера отидете на пократок или подалечен пат. Раѓање на дете во вашата професионална/бизнис средина. Ќе ви биде мило поради поволен и просперитетен развој или завршување на финансиски односи со пријател, подалечен роднини или стари пријатели. Ќе добиете пари од лице кое не ви е роднина. Може да имате некои грижи за здравјето на една жена. Тежок однос со жена која е на повисоко ниво во хиерархијата на семејството. Неочекуван подарок или некаква корист од Јарец, Бик или Девица. Судир на заеднички материјален интерес со некој кого не го познавате добро или кој дефинитивно не е ваша симпатија. Непријатен инцидент, вести или настан поврзан со млада жена, веројатно во знак на Стрелец, Овен или Лав (но не мора).
Шакира – 2 февруари, 1977
Чувајте ги вашите лични предмети и информации подалеку од млада жена која сака да реши проблем на ваш трошок. Финансиски предлози и акции за мажи над 35 години, кои ќе ве придвижат полека и претпазливо кон очекуван и посакуван успех.
Совет на „Штипка“: Не донесувајте никакви големи одлуки за некои врски овој месец! Сеуште не ги знаете сите факти за правилно да ги оцените работите.
Риби
Очекувајте развој на важни настани за вас, па така август може да биде пресвртен месец за вас, особено на финансиска план. Можна среќа да стекнете или да заработите пари. Мал профит од коцкање или неочекувани пари. Акции и зборови на лице во знакот на Вага,Водолија или Близнаци може да ве повреди емотивно, да ви наштети или да ве стави во некој вид проблеми. Можност да ги усогласите брачните односи по период на разделба, доколку вашиот партнер е Рак, Шкорпија или Риби. Разрешување на дедовина или слични прашања во ваша корист и интерес. Вести во врска со развод или друга разделба во околината на вашето семејство. Состанок или разговор поврзани со минати настани. Ќе добиете важни информации кои ви недостасувале до сега за да одговорите на некои клучни прашања за вас. Развој на судење за развод, но не и завршување.
Ријана – 20 февруари, 1988
Гости од далеку кои ќе ви донесат многу силни и позитивни емоции. Патување на гости, кое допрва треба да ви донесе нови нешта во вашиот живот: искуства или нови планови и проекти. Обрнете внимание на луѓе кои се ваши соседи или живеат во ваша близина. Озборувањата може да не ве интересираат, но тие ќе формираат основа за непријатна ситуација по вас.
Совет на „Штипка“: Прво грижете се за себе, а само после тоа за другите!