Голем cкандaл по настапот на убавата Македонка во Ѕвездите на Гранд – погледнете кој беше на нејзина страна, а кој против неа
Валери Димовска од Македонија ги испеа песните „Вукови“ и „Слободно ме рани“ и ги освои сите шест гласови.
Но и покрај тоа што нејзиниот настап беше одличен, а нејзиниот ментор задоволен, сепак резултираше со кавга.
„Јас со тешко срце го дадов гласот но немам преголема волја ниту да образложувам ни ништо. Погубно е кандидат од Бугарија појасно да пее и зборува на српски отколку кандидатката од Македонија“.
„Немаш поим, тоа нема врска, ништо не се разбираше. Да ме убие Бог ако некој знае што се пее во овие две песни“, објасни композиторот Драган Стојковиќ Босанац по настапот на Валери.
Од друга страна и на Марија првата песна и се допадна, но според неа, пејачката не се покажала со втората песна.
Од друга страна на Мили, Валери му беше одлична и воопшто не му пречеше она за што другите ја критикуваа.
И Цеца која исто така изјави дека ги познава песните што Валери ги пееше, ништо не и пречи, додека Виолета изјави дека Марија и Стојковиќ биле престроги бидејќи сепак станува збор за втор круг.
„Таа песна од Едита се пее така“, изјави Вики, со што се сложи и Мили, додека Бекута тврдеше спротивно.
„Сега ќе најдам како ја пее Едита. Без врска ти е образложението“, одговори Босанац.
И Саша Поповиќ, застана на страната на Валери.
„Па најди и слушни како пее Едита. Оваа девојка учеше од оригиналот“ порача Поповиќ и додаде:
„Мораме да ја едуцираме и придобиеме помладата генерација. Малку Едита, малку Бресквица“ изјави тој.
Но и покрај образложението на Поповиќ, Снежана Ѓуришиќ и Ана Бекута не се сложија со него, па тој дополнително ги „поткачи“:
„Вики, ние младите, ти, Цеца, Мили и јас тоа го разбираме“, им кажа тој во шега на популарните пејачки.
„Тоа е неартикулирано и неточно пеење“, викаше Ана зборувајќи и на Виолета дека ни Едита не ја испеала точно песната.
„Не можеме ние да ги менуваме оригиналите“, изјави Вики.
Потоа Снежана Ѓуришиќ сакајќи да ја прекине расправијата, поентираше со коментарот што и го даде на Валери.
„Девојче, пееше точно, така оди оригиналот, но таа песна не чини, не е добро за натпреварот. Менторот требаше да ти ја смени песната“, изјави пејачката, но Мили, Поповиќ, Цеца и Вики и понатаму беа на тоа дека и вакви песни треба да бидат дел и да се слушаат и во иднина во шоуто.
Но додека жирито и понатаму водеше полемика, во позадината се слушна гласот на Марија Шерифовиќ која за момент излезе од сцената, а потоа се врати и на стаклен сад донесе колачиња за сите што во тој момент беа во студиото.
„Па побрзајте, ручек! Вечера е луѓе! Ајде“, изјави Марија, па им принесе колачиња на колегите, но и на натпреварувачката.
Инаку, Валери во Македонија важи за пејачка пред која е блескава кариера. Таа има неколку песни кои за кратко време станаа ултра популарни и се вртат на македонските радија. Има соработувано со повеќе познати македонски музичари, а една од нив е и соработката со реперот Нешо и песната „Ќе биде“. Во спотот од оваа песна се појавува и македонскиот ракометен шампион Столе Стоилов кој во еден момент искрено ја раскажува неговата приказна.
Пејачката има интересен и несекојдневен имиџ на облекување, а препознатлива е и по своите тетоважи. На нејзиното тело има неколку натписи, разни животни, месечина, и сите тие имаат некое посебно значење за неа.
Како таа изгледа на сцената, но и надвор од неа, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска
Извор: Гранд.онлајн