Голем cкaндал пред самото финале на Евровизија – Ураганките пред СЕРИОЗНО oбвинeние? Овој детаљ ја открива вистината
Младите девојки од „Хурикејн“ се едни од главните фаворити за победа во финалето на Евровизија 2021.
Тие ќе настапат под реден број осум.
И додека од сите страни не престануваат да пристигнуваат неверојатни честитки и коментари дека нашиот сосед има големи шанси да победи, како што тоа го направи Марија Шерифовиќ во 2007 година, која и овој пат е дел од делегацијата, Италијанците упорно се обидуваат да го оспорат квалитетот на песната на трите грации од Србија, зборувајли дека „Хурикејн“ имаат плагијат.
Имено, фановите на италијанскиот музичар Лука Марцано, кој се претставува под уметничкото име „Aka 7even“, тврдат дека песната „Loco loco“ е плагијат, односно преземена од овој музичар.
Сепак, и покрај тоа што многумина се обидуваат да го оспорат квалитетот на песната, вистината е дека нумерата на Лука се појави многу подоцна, откако Ураганките веќе ја претставија својата песна во јавноста. А освен делот во кој се вели „Ram-pam-pam“ не постои никаква друга сличност.
Финалето од Евровизија се одржува вечерва во Ротердам, а девојките од „Хурикејн“ настапуваат пор реден број осум.
Инаку, овој женски состав го претставуваат Ивана Николиќ, Ксенија Кнежевиќ и Сања Вучиќ. Тие со својот феноменален настап на втората полуфинална вечер ја „запалија“ евровизиската сцена.
Настапија без грешка на големата сцена на познатиот музички натпревар и предизвикаа овации.
Шармантните девојки на евровизиската сцена се појавија во костуми со светки во кои сите три изгледаа одлично. Имаа впечатлива шминка и беа како вистински ураган кој вечерта виореше низ Ротердам, па со својата енергија и кореографија ја воодушевија публиката од целиот свет.
Сите парчиња што ги носеа овие девојки беа направени од црни реси, бисери, тантела и по некој сребрен детаљ.
Креациите се дело на Борис Карготиќ кој има соработувано и со големите свески ѕвезди како Бијонсе, Џеј Ло и Мадона.
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин