Гол грб, гола половина – водителката од „Ѕвездите на Гранд“ во едно од најбpyталните изданија досега, изгледа како 1.000.000 долари

Познатата водителка ги воодушеви сите…

На ова издание на Сања Кужет не можеше никој да остане рамнодушен, а доби и огромен број комплименти од своите бројни фанови на Инстаграм.
Познатата српска водителка Сања Кужет се појави на еден настан во Белград и го украде шоуто на црвениот килим.
Водителката на најпопуларното и најгледаното шоу во регионот „Ѕвездите на Гранд“ најмногу внимание привлече со својот екстравагантен фустан.
Ова секако дека не е прв пат убавата водителка да биде во центарот на вниманието заради она што го носи, но сепак многумина се согласни дека ова е едно од нејзините најубави изданија во коешто ја виделе.

Таа за оваа пригода избра долг, зелен фустан со светки кој речиси има потполно гол грб и отвори странично околу половината, зачинет со златна шнола во предниот дел, додека целото издание го заокружи со кармин во црвена боја со кој исто така не можеше да помине незабележано.

И овој пат за неа се погрижи истиот дизајнер кој веќе подолго време ја облекува во Ѕвездите на Гранд, а кој и овој пат го избра совршениот модел за неа со кој водителката го истакна своето беспрекорно тело.


На ова нејзино издание не можеше да остане рамнодушен никој, а доби и голем број комплименти на социјалните мрежи.


Инаку, Сања која е мајка на две момчиња, и покрај своите обврски секогаш успева да пронајде време и за себе.
Водителката изгледа прекрасно и веќе со години нејзиниот лик не се менува, а како што самата откри во една пригода, својата линија ја одржува со комбинација на правилна исхрана и вежбање. Покрај тоа и активноста околу децата и допринесува постојано да биде во топ форма, како и тоа што избегнува да јаде во вечерните часови, така што знае да води сметка што и кога внесува во организмот.

Што се однесува до нејзиниот стил, таа вели дека омилени и се долгите фустани со тесен крој, посебно оние едноставните без детали.

Ваквите модели за шармантната водителка преставуваат највисок степен на елеганција и во такви креации се чувствува најженствено.

Повеќе нејзини изданија погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
