Реклама
Вирално

Го снимав додека крвнички ме тепаше и сакам тоа да го објавите – ова ми е единствена шанса да останам жива

Десет минути пекол во кој се слуша како поранешен ракометар од Хрватска брутално ја претепува својата жена и тоа пред нивното деветмесечно бебе

Реклама

Сопругата на поранешниот хрватски ракометен репрезентативец Денис Бунтиќ, Клара Бунтиќ, на хрватските медиуми им предаде аудиоснимка од насилството што го проживува дома од својот сопруг.

Нејзиниот сопруг крвнички ја тепаше покрај нивното 9-месечно дете, а Клара насилството го сними

„Немој да ме удираш више, немој да ме удираш више“, се слуша на снимката додека нејзиниот сопруг силно ја удира со тупаници.

Маркетинг

Фото: Инстаграм

Станува зор за 10 минутна снимка на која се слуша вистински ужас, која Клара во петокот ја снимила со својот мобилен телефон.

Маркетинг

На снимката се слуша маж како удира жена, со раце и предмети, по што жената го проколнува да престане и зборува „Не го заслужив тоа“, додека мажот ја брка да излезе од куќата во која се наоѓа нивното 9-месечно бебе, постојано удирајќи ја силно и заканувајќи и се дека ќе ја убие.

Фото: Инстаграм

Таа вели дека е жртва која повеќе не сака да биде ниту анонимна ниту тивка. Таа го нема тој луксуз и вели дека доколку сите не слушнат како изглед нејзиниот живот, таа би можела и да остане без него.

Фото: Инстаграм

Како што раскажува таа, а пренесува хрватскиот „Јутарњи лист“, тој ден заедно со сопругот и нивното дете биле на натпревар во Мостар.

Фото: Инстаграм

Биле заедно со пријател на мажот и неговата девојка, а наводно имало и доста алкохол, но и друга, пишува порталот.

Фото: Инстаграм

Нивното дете не се чувствувало најдобро, имало некоја вироза, па Клара сакала да си одат, но нејзиниот сопруг не сакал.

Наводно цели три часови го убедувала да си заминат, по што следувала расправија уште додека се возеле во автомобилот.

Кога пристигнале дома, Клара знаела што ќе се случи, затоа што не му било прв пат да ј тепа, а понекогаш ја удирал и пред луѓе.

Фото: Инстаграм

Како што вели, тоа го трпела цели пет години, а била претепана и на крштевката на нивното дете, и тоа пред кумот.

Но во петокот таа преломи. И беше повеќе од јасно дека тој нема никогаш да се промени. И нема да биде подобро.

Фото: Инстаграм

Таа некако успеа да излезе од куќата и да избега во полето. Потоа се јавила во полиција, кои дошле и го однеле на испитување.

Фото: Инстаграм

Како што пишуваат хрватските медиуми, полицијата во неговиот дом пронашла и арсенал со илегално оружје.

Фото: Инстаграм

Снимката од тортурата можете да ја слушнете на следниот линк...

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button