Реклама
Шопинг

Го откривме сестринскиот бренд на Зара – и се воодушевивме!

Реклама

Нашата љубов кон „Zara“ нема граници, и откако откривме дека има помлада сестра – на нашето воодушевување му нема крај.

„Zara“ е еден од оние брендови на кои многу дами тешко можат да му одолеат. Првиот избор кога нешто ни недостига во плакарот, но исто така и најчест спасител за сите забави што ги имаме во план. Единственото нешто што ни пречи кога е во прашање овој бренд е тоа што всушност повеќе или помалку сите носиме исти модели, нели? Но, токму затоа и сме толку возбудени околу помладата сестра на „Zara“.

Маркетинг

Ова е „Lefties“, скриениот сестрински бренд на „Zara“, кој досега навистина беше сосема непознат за нас, но затоа е супер шик. „Lefties“, (збор кој во буквален превод значи остатоци) започнаа со својата работа во 1993 година и тоа како аутлет за продажба на парчиња од старите колекции. Денес, „Lefties“ е вистински бренд впрочем многу сличен на „Zara“ – но и многу поевтин! Во нивните колекции ќе најдете многу парчиња кои несомнено потсетуваат на оние од „Zara“ – слип фустан, леопард дезени, карирани блејзери и панталони со висок струк кои се апсолутен хит и кај овој бренд.

Маркетинг

За жал постои и еден проблем во приказната. Продавници од овој бренд постојат само во Шпанија, Португалија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија и Катар. Па додека чекаме да ни овозможат достава и до Македонија, со радост ви ги претставуваме овие неколку предлози од овој бренд кои и ние би сакале да ги имаме во плакарите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button