Го облече најкраткиот минич и ги покажа долгите нозе – познатата Македонка „грми“ и во петтата деценија
Оваа жена што и да облече изгледа феноменално
Познатата манекенка и водителка Вера Мештеровиќ (44) уште еднаш покажа зошто важи за една од најзгодните жени во Македонија.
Таа во последно време е поприлично активна на социјалните мрежи и секогаш кога ќе го покаже своето манекенско тело предизвикува лавина од коментари од своите бројни обожаватели.
Впрочем така беше и овој пат кога облечена во ултра краток минич ги покажа своите долги нозе и никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Следуваа бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед, а како Вера изгледаше во ова издание, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Таа привлече внимание и со фотографиите на кои носи црн фустан со неколку отвори со кои покажа малку кожа и повторно ги распамети сите.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
И овој пат во центарот на вниманието беа нејзините долги манекенски нозе, а Вера заради длабокиот шлиц и кројот на фустанот мораше да биде внимателна за да не покаже и нешто повеќе.
„Изгледаш атрактивно“, „Ти си во твоите најубави години“, „Преубава и презгодна дама“, беа само некои од коментарите што оваа преубава жена ги доби под своите фотографии.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Вера привлекуваше внимание и во текот на летото, посебно со своите изданија во костими за капење, а едно од нив погледнете тука.