Го обвинуваат дека сака да ги напушти, но она што Бали-бег го кажа за НЕГОВИОТ син ги остави без зборови неговите фанови!
Откако беше обвинет дека не го гледа својот син, познатиот турски актер Бурак Озчивит реши јавно да открие што се случува и каков татко е на малиот Каран.
Тој реши јавно да позборува на оваа тема и да открие што се случува со семејството и малиот Каран.
Познатиот турски актер Бурак Озчивит кој публиката во Македонија ја освои со улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“, неодамна заради турските медиуми беше критикуван дека заради ангажманот околу снимањето на новата серија нема време да го гледа својот син, што наводно ја иритира неговата сопруга.
Тој сега реши јавно да позборува на оваа тема и да открие што се случува со семејството и малиот Каран.
Најверојатно заради гласините што неодамна се појавија во турските медиуми дека би можел да ја остави Неџла, заради проблемите што ги има таа со нејзиното ментално здравје по смртта на нејзиниот татко, актерот токму во овој момент реши да даде интервју. Тој во него одговара на најразлични прашања, а со новинарот меѓу другото зборуваше и за успехот како мотивациски фактор, но и за синот и љубовта кон семејството и природата.
Еве како еден од најпознатите турски актери ја објаснува важноста на успехот и што тоа за него значи.
„Успехот на сите нас ни е толку важен што секој се обидува да биде успешен за себе. Бидејќи успехот е нашата најголема мотивација. Сите нас не поврзува со животот и ни овозможува нешто да постигнеме.. Заради тоа луѓето се многу среќни кога се успешни во животот, да бидат успешни во семејните односи, како и во пријателските односи. Мислам дека успехот е многу важен за сите нас, изјави миленикот на женската публика.
Тој меѓу другото зборуваше и за својот наследник, па раскажа како го успива со што покажа каков е како татко.
„Кога ќе кажам ѕвезди, секогаш мислам на Каран. Јас го заспивам откако ќе дојдам од работа. Единствено нешто што малиот господин го успива се ѕвездите. Не може да заспие, а да не ги види. Го носиме во градината, а тој спие гледајќи во нив, вели шармантниот Бурак.
Бурак потоа вели дека секогаш кога ќе спомене зима, првото нешто што ќе му падне на памет се настинките, и открива дека омилен период во годината му е летото, а во тоа не се сомневаме затоа што можевме да видиме како со харизматичната Фахрие и нивниот наследник преку цело лето уживаа во нивната семејна куќа во Бодрум.
Тој исто така истакна дека е убеден дека значењето на природата е многу важно за време на пандемијата, кога сите сме затворени во своите домови. Според него, природата е многу важна за човечкиот живот. Како што вели, во животот „се има своја рамнотежа и се зависи токму од неа“.
Инаку, и неговата сопруга Фахрие Евџен во последно време не ја крие среќата заради својот приватен живот.
Имено, таа редовно објавува семејни фотографии со својот син Каран, па дури и за време на одморот во луксузната вила кога беше добро расположена и дозволи на папараците да ја фотографираат во вакво издание.
Таа деновиве на инстаграм сподели нов сет фотографии на кои е со својот наследник и тоа на зајдисонце.
Фотографиите ги воодушеви нејзините фанови од целиот свет и за кратко време добија голем број лајкови.
Посебно беа среќни оние што претходно беа загрижени дека нешто се случува во нејзиниот љубовен живот со Бали Бег.