Го имаат ли Италијанците рецептот за спас од корона: Еве како ова земја сега се справува со вториот бран
Во јануари годинава Италија беше една од најпогодените земји од ковид-19 во Европа и во светот, пред се поради високата стапка на смртност од коронавирусот. Денеска целата ситуација е промената.
Во март на страниците на Њујорк Тајмс пишуваше дека италијанскиот здравствен систем крахирал поради коронавирусот, а германски Билд пишуваше како колони воени камиони ги носат nочинатите на гробишта.
Глобалниот шок поради трагичната судбина на Италија го следеше чувството на надмоќност: неорганизираните Италијанци не знаат да се снајдат во криза, но ние другите би знаеле како да се снајдеме во ваква ситуација.
Шест месеци подоцна Италијанците не само што успеаја да ја доведат стапката на инфекции до ниво на најуспешни во борбата со вирусот на ниво на Германија и Финска, туку со нив може и да се мерат по ниската стапка на сmртност.
Изгледа дека Италија сега подобро се носи со вториот бран отколку многу други европски држави. Таа во претходните недела дена главно бележеше помалку од 1.500 новозаразени, што е далеку помалку во споредба со 10.000 во Шпанија и во Франција и 5,000 во Велика Британија.
Транспортот е само една област во која Италија постигнува одлични резултати. Римскиот аеродром Фиумичино неодамна доби пет ѕвездички на листата на најчисти аеродроми во светот во пандемијата од коронавирус.
Експерименталното тестирање на патниците на аеродромот, при што резултатите се достапни пред да влезат во авион, ќе биде проширено доколку се покаже како успешно. На другите аеродроми, железнички станици и пристаништа сите пристигнати патници може да се тестираат од коронавирус.
Оваа недела, Италија одржа референдум за намалување на бројот на пратеници во парламентот, со примена на сите мерки за безбедност, при што во некои области гласаше речиси две третини од гласачкото тело.
Новиот коронавирус стигна во Италија кон крајот на јануари, на 31 јануари се потврдени два случаи, па владата ги затвори училиштата и универзитетите. Неколку дена подоцна, премиерот Џузепе Конте воведе карантин на пошироко подрачје на северот на земјата, но залудно.
– Кога е најавен карантин на северот, илјадници луѓе отидоа на југ, па требаше да се воведе карантин истовремено во целата земја, вели за Форин полиси, Марк Лоу кој живее во Италија веќе 25 години. Така, до 22 март земјата имаше речиси 60.000 заразени, затворени се фабриките, работеа само аптеките и супермаркетите, но маките не запреа тука, па на 26 март 712 лица nочинаа од коронавирус, а следниот ден уште 919.
Се чинеше дека Италија е осудена на пропаст, и покрај романсите преку тераса. Меѓутоа, половина година подоцна, за 14 дена забележани се само 34 заразени на 100.000 жители, значително помалку отколку Шпанија (311) и Франција (193) во истиот период.
Како Италијанците за само неколку месеци успеаја да се извлечат од канџите на смртта? Лоу вели дека и владата и народот изненадувачки брзо се прилагодија на ситуацијата.
– Ова беше вонредна ситуација, а бидејќи Италија беше прва европска земја погодена од заразата, не постоеше модел кој би можела да го примени… Владата воведе драконски мерки, но многу успешно ги примени, вели тој.
Секако декa многу од нив пристигнуваа предоцна и во почетокот беа преблаги, а регионалните здравствени функционери и виролози застапуваа различни мислења. Владата, меѓутоа, храбро дејствуваше, а тука спаѓа и одлуката од минатиот месец да се носат маски на отворен простор, таму каде што не е можно социјално дистанцирање.
Првите денови парично се казнети многу непослушни луѓе. Лоу вели дека важен фактор е и издржливоста на „обичните“ Италијанци. Формирана е мрежа на неофицијални иницијативи, кои на крајот беа поуспешни од она што е направено во подобро организираните држави, објаснува Британецот. Тука спаѓаат луѓето кои купувале намирници на постарите луѓе, карабинери во локалните управи го правеа истото со постарите сограѓани и дури им ги носеа и пензиите.
– Во нашата земја луѓето ги сфаќаат прописите како совети, отколку како задолжителни правила, а почитувањето на правилата стана нешто што се подразбира штом луѓето ќе ја согледаат тежината на проблемот – вели за Форин полиси генералот Винченцо Кампорини, поранешен началник на генералштабот на Италија.
Повеќето други земји се двоумеа за воведување на карантин и затворање на државата.
Кога луѓето имаат чувство дека доброволно ги почитуваат правилата, помало е искушението дека од презир кон властите ќе бидат непослушни. Во извесна смисла, ваквото размислување ги поврзува Италијанците и Швеѓаните во пандемијата.