ГЛЕДАЧИТЕ НА ТВ 24 ВО ШОК – Ова никој не го очекуваше од Огнен Јанески!

Познатиот новинар Огнен Јанески важи за човек кој одлично се снаоѓа во својата професија што ја работи.
Во своите 34 години живот, има повеќе од 20 години работно искуство, започнувајќи по животен пресврт кој го преживеал како дете.
Првиот јавен настап го имал на возраст од пет години, пред публика од 600 луѓе, а најбројна публика која слушала негов импромту говор се над 90.000 луѓе на улица.“

Фото ФБ
Своето искуство го гради во неколку медиумски платформи, почнувајќи на 11-годишна возраст. Со неговото прво вработување во 2007-та во МТВ1 – на свои 20 години станува најмладиот спикер на вести во историјата на јавниот сервис на Македонија.
Од 2008-та, во ТВ „Сител“ се истакнува како водител и уредник на контактни емисии, кои подоцна ќе му станат печат на новинарската кариера, преку познатата емисија „Бумбар“.
А потоа, откако кон крајот на 2011-та во ТВ 24 (каде сè уште работи активно) ја создава и најпопуларната емисија од ваков вид – „Очи в Очи“. Во 2019 бил и главен и одговорен уредник на телевизијата.

Фото ФБ
Познатиот новинар Огнен Јанески, многу често на социјалните мрежи објавува статуси кои го привлекуваат вниманието на неговите пријатели и фанови и се споделувани.
Тој синоќа преку друштвената мрежа Фејсбук се збогуваше со гледачите и емисијата „Очи в очи“ која се емитуваше 10 години во македонскиот медиумски етер.
По 10 години во оваа емисија, а 15 години откако започнав да водам контактни емисии, време беше една оддишка да се земе од нив и да се одмори од фразите ,,Ве молам, намалете го тонот на телевизорот” и ,,Зборувајте на темата”.

Фото ФБ
Што сè не поминавме заедно во емисијата #ОчиВОчи – од најпозитивниот до најнегативниот екстрем. Од најголемите среќи и најдлабоките таги, споделени по сите основи – лично мои, лични од гледачите, општествено важни и животопроменувачки.
Не мислев дека дотолку ќе се вгнезди еден ваков формат на емисии, но, циклусот на кругот на животот треба да се затвори како што и започнал. Најголемите умови во историјата рекле дека треба да знаете кога да се повлечете при успехот, и можеби времето за некого е задоцнето, но, секој си го следи својот пат.

Фото ФБ
Телевизија 24, преку оваа емисија обезбеди стандарди за гледачите кои претставуваа сè што нашето општество е. И токму тоа беа едноставните причини за постоењето на емисијата – почитување, слушање, коментирање, фокусирање и одржување.
Ви благодарам што емисијата ја направивте да биде на тој пиедестал на кој вие ја поставивте, и што ми бевте водилки во текот на моето битисување низ неа.
Денеска, 10 и пол години подоцна, а 10 ефективни за мене, конкретно од оваа емисија се одјавив, а и јас си дадов за право да си го кажам своето мислење (иако повеќе од две минути) наспроти тоа што секогаш велев дека е неважно моето, и тоа е за гледач(к)ите.

Фото ФБ
P.S. Денеска ја носев истата пеперушка како во првата емисија. Кошулата не е истата оти сум здебелен, ама е истата боја. Коса немам, а ни очила, ама брадата ме вади. Фотките се од првата и од последната емисија.




