Вирално

Главната ѕвезда од филмот „Сам дома“ го менува своето име?

Advertisement

Главната ѕвезда на култниот детски филм „Сам дома” холивудскиот актер Меколи Калкин одлучи да го промени името, бидејќи верува дека е „глупаво”. Имено, тој на почетокот на месецот на еден блог на интернет напиша за тоа зошто сака да го промени своето средно име.

Advertisement

„Мислам дека моето средно име е мнооогу глупаво. Искрено, јас воопшто не се сеќавам на него. Се што сакам за Божиќ е да го сменам моето име”, изјави ѕвездата на детскиот филм „Сам дома”, Меколи Калкин (38), и ги повика неговите обожаватели да му предложат ново средно име.

Актерот кој е роден како Меколи Карсон Калкин, посака да го исфрли името „Карсон” и да го замени со некое друго, нешто поинтересно, пишува порталот „NewsHub“.

 

„Ми треба некое кул име. Ми испративте стотици предлози и откако ги видов сите, ова се моите пет омилени”, им објасни познатиот актер на обожавателите.

Пет омилени кои актерот ги избра беа Меколи Калкин (што е неговото вистинско име), Shark Week, Кајрен (името на неговиот брат), TheMcRibIsBack и Publicity Stunt, а потоа ги повика обожаватели да гласаат. Во анкетата што ја подготви за обожавателите, повеќето од нив, дури 60% гласаа дека неговото средно име треба да биде иста како и неговото име.

Затоа, од сега па натаму, актерот реши официјално да се вика Меколи Меколи Калкин Калкин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button