Реклама
Наши ѕвезди

Гиговска се преполови, па на снег позираше во оскудно КИМ КАРДАШИЈАН издание – пејачката „го запали“ Инстаграм

Реклама

Младата и ултра талентирана пејачка Антониа Гиговска, со својот неверојатен глас ја освои публиката низ целиот Балкан.

Нејзиното учество во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“ ја внесе во светот на познатите и ѝ пружи можност за неа да слушне регионот.

ФОТО: Антониа Гиговска/Инстаграм

Маркетинг

Бура емоции кај жирито на „Пинкови ѕвездички“ Антониа предизвика со својата изведба на песната „Полско цвеќе“. Плечеше жирито, плачеше и публиката.

„Би сакала оваа песна да му ја посветам на нашиот Тоше Проески, бидејќи сум сигурна дека не гледа одозгора. Тој е мојот идол“ – изјави Антониа по нејзиниот генијален настап.

Маркетинг

„Тоше во јануари оваа година требаше да наполни 38 години. Ќе беше во најдобрите години и ќе пееше како змеј, но бидејќи него го нема, те имаме тебе! – кажа Гоца Тржан, која не ги криеше солзите.

„Твојот настап е толку емотивен што мене прв пат ми се случи стомакот да ми се наежи. Вака изгледа достоинствен настап. Толку емоции пренесе на нас што се уште сум парализирана. Се беше достоинствено. Ти се победничка оваа вечер, само напред“ – и кажа Наташа Беквалац на Антониа.

Во интервју за „Гламур магазин“, Антониа откри дека љубовта кон музиката ја има уште откако знае за себе.
-Уште кога сум се родила постоела во мене. Сигурна сум во тоа. Во градинка сум ја открила, но не сум продолжила затоа што сум се срамела премногу, а потоа на 11 години брат ми беше иницијатор – откри Антониа.

Антониа веќе на големо чекори по својот пат и реди успеси во својата кариера. Зад себе има и неколку хитови, а за време на карантинот ја израдува и публиката со концерт во живо.

Од неодамна таа со своите фанови сподели дека е на посебен режим на исхрана со кој изгуби 16 килограми и телото го доведе до совршенство.

Резултатот е навистина впечатлив, Антониа сега изгледа посекси, а веројатно се чувствува и посамоуверено.
Дека тоа е навистина така покажуваат и нејзините најнови фотографии кои често осамнуваат на нејзиниот профил.

ФОТО: Антониа Гиговска/Инстаграм
ФОТО: Антониа Гиговска/Инстаграм
ФОТО: Антониа Гиговска/Инстаграм
ФОТО: Антониа Гиговска/Инстаграм

Гиговска во интервју за „Репортер“ откри дека ослабела со многу упорност, вежбање и откако го променила начинот на исхрана, а големо влијание во нејзината одлука да почне со слабеење имала нутриционистката Клаудија Адеми, девојката која исто така им помогна и на познатите пејачки Ана Бекута и Инди да ослабнат.

Фото: Инстаграм/ Клаудија Адеми

Со нејзина помош и српската пејачка Аница Миленковиќ која порано имаше 115 килограми, сега има 60.

Клаудија потекнува од Македонија, но долги години со родителите живеела во Германија. Клаудија е нутриционистка и фитнес тренер, а во младоста се натпреварувала за мис на Југославија.

Нејзиниот татко е Албанец од Тетово, а мајка и е Македонка од Скопје. Има завршено мастер за нутриционист и фитнес тренер, а веќе неколку години работи и како личен тренер на повеќе луѓе од целиот свет.

Фото: Инстаграм/ Клаудија Адеми

Деновиве Гиговска се пофали дека нејзиното слабеење не престанува и дека ослабела уште плус 4 илограми.

Токму поради тоа на својот Инстаграм профил сподели и секси фотографии во Ким Кардашијан стил.
Облечена во тесен комбинеyон, Антониа ги покажа витката става и бујните облини.

ФОТО: Антониа Гиговска/Инстаграм
ФОТО: Антониа Гиговска/Инстаграм

Инаку, Антониа скоро две години е во врска со пејачот Иван Јованов. На почетокот тие ја криеја врката од медиумите, но сега на големо споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи.

„Се сеќавам, беше многу оддамна. Имаше искри помеѓу нас и тогаш, но само оддалеку. Не знаевме дека ќе бидеме заедно, дека обајцата сме исти во секој поглед, не само затоа што двајцата мечтаеме за (музиката и пеењето), туку изаради нашите сродни души. Немав прилика за ова… Јас само ова го чувствувам од ден на ден. Како и првиот ден. Те сакам“ – напиша Гиговска во опис на една нивна фотографија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button