Наши ѕвезди

Гиговска растури на Пинкови ѕвездички иако не победи во шоуто – целиот Балкан воодушевен од нејзиниот моќен глас

Advertisement

За неа велат дека не може да погреши

Advertisement

Гиговска на суперфиналето на „Пинкови ѕвездички – All Stars“ не победи, но затоа медиумите од целиот регион пишуваат за неа како ѕвезда. Таа во финалето најпрво се претстави со евровизиската песна „Proud“ од Тамара Тодевска и со својот моќен вокал го воодушеви целото студио.

По нејзиниот настап претставниците на жирито ја пофалија Гиговска, а Гоца Тржан и порача дека и било фантастично да ја гледа и слуша, и дека не е обична кавер пејачка, туку автентична и супериорна на сцената. Пофалби доби и од останатите членови од жирито, а Леонтина Вукомановиќ и порача дека не се сомнева дека ако продолжи така ќе дотурка далеку, каде што тргнала, и дека и посакува голем успех да излезе од нашите граници и да замине некаде во светот и да успее со својот моќен вокал.

Гиговска се пласираше и во вториот круг од суперфиналето каде што ја отпеа песната „I’ll never love again”од Лејди Гага.

Advertisement

„Јас плачев на оваа сцена толку што не ми беше добри. Мораме да се потрудиме да ја тагираме Лејди Гага за овој твој настап, она е доволно голем уметник да го препознае ова, ти ова го отпеа.. таа едноставно мора да го види ова, досега не сум слушнала некој да ја пее така нејзината песна. Никој не е ни блиску. Голем респект и почит за тебе Антониа, ти го заслужи тоа. Како и да се завши ова вечерва“, и порача Гоца Тржан на Гиговска по брилијантниот настап.

Гиговска и покрај тоа што не победи во шоуто, нејзините песни се едни од најслушаните од сите натпреварувачи и за неа допрва ќе слушаме. Нејзините изведби на „Ако згрешам нека изгорам“ и „Врати ми го сонцето“ веќе имаат милионски прегледи на „Јутјуб“ што навистина се бројки со кои ретко која пејачка од Македонија би можела да се пофали.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button