Гиговска позираше во кожни панталони, но она што го направи шокираше некои од нејзините фанови
Познатата пејачка објави нови фотки на Инстаграм и веднаш следуваа бројни коментари од нејзините фанови
Познатата македонска пејачка Антониа Гиговска со една своја објава повторно го украде шоуто на социјалните мрежи.
Имено, Гиговска позираше во едно свое есенско издание и со својот изглед никого не остави рамнодушен.
И покрај тоа што беше „покриена“ од глава до пети, пејачката изгледаше провокативно, а за сé беше виновен еден детаљ.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Станува збор за тесните црвени кожни панталони во кои Гиговска изгледаше „безобразно“ згодна, посебно ако земеме во предвид дека таа неодамна се породи и се оствари во улога на мајка.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Пејачката повторно е во топ форма, па за ова свое издание си заработи бројни комплименти на сметка на својот изглед.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Таа овие впечатливи панталони ги носеше со бела маичка со ликот на Дејвид Боуви, a целото издание го заокружи со црвен кармин.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Но еден потег што таа го направи додека се сликаше, очигледно не им се допадна на некои нејзини следбеници.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Имено Гиговска која често ја критикуваат и заради модниот стил што го „фура“ во последно време, овој пат една корисничка на социјалните мрежи имаше забелешка за начинот на кој таа позираше.
„Мора ли секогаш вака со исплазен јазик да се сликаш? Дај бе дете, нормални фотки стави“, напиша таа во коментарите.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
По овој коментар следуваа уште неколку од кои повеќето застанаа во одбрана на Гиговска која очигледно не е премногу загрижена за ваквите коментари и повеќе од сигурни сме дека ќе продолжи по свое и дека за брзо време повторно ќе ја видиме во едно вакво издание…