Реклама
Наши ѕвезди

Гиговска го покажа стомакот, па испрати важна порака за бременоста – пејачката ќе стане мајка на 22 години

Дали по овие фотографии пејачката Антониа Гиговска ќе ја понесе титулата најубава трудница

Реклама

Младата пејачка Антониа Гиговска (22) наскоро ќе се оствари во улога на мајка. Таа ги изненади сите кога ја објави веста дека е бремена, а најмногу нејзиниот партнер кој не ја криеше среќата.

Имено, нејзиниот партнер Роберт Спасенцовски тогаш се фотографираше со тестот за бременост во устата и ги „шокираше“ сите.

Од тогаш фановите на пејачката беа нестрпливи да ја видат со трудничко стомаче, кое Гиговска сега воопшто и не го крие.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Таа и во бременоста е мошне активна на социјалните мрежи, а овој пат покажа како изгледа во долг плетен фустан и ги воодушеви сите.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Таа се фотографираше заедно со познатиот фризер и стилист, а во преден план е нејзиното трудничко стомаче.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Инаку, Гиговска со својот беспрекорен глас важи за една од нашите најдобри пејачки, коа отсекогаш максимално била посветена на работата, па повеќе од сигурни сме дека така ќе биде и кога е во прашање семејството. Таа неодамна на прашањето зошто толку млада одлучила да стане мајка, одговори дека нема ништо поубаво од тоа да бидеш мајка на млади години.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

„Јас отсекогаш сакав да сум млада мајка и кога некоја девојка би ме прашала што мислам на темата ќе и кажам дека нема нешто поубаво од тоа да бидеш мајка на млади години“.

„Имаш и трпение и живци а и бременоста е 99% без никаков ризик отколку на постари години. А и зошто такво размислување дека 22-23 години се малку години за да станеш мајка? Мислам дека само ние на Балканот сме со такви размислувања. Напротив… Ќе имам време и за мене, и за моето бебе и за кариера, ќе можам побрзо да си го вратам телото во онаа форма во која што бев и ред други работи. А најважно од се е што ќе си имам најдобар другар кога ќе имам 40!“, напиша тогаш Гиговска на својот профил на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button