Гиговска во потполно неочекувано издание – панталони што ги издолжуваат нозете и уште еден тренд од спалната соба
Пејачката Антониа Гиговска со уште едно парче од стилот на облеката што ја носиме во спалната соба, а кое веќе неколку сезони е голем хит во секојдневниот стил.
Денес не е никакво изненадување ако на улица сретнете девојка која се шета во свилени пижами, „слип“ фустан или со маица од тантела во комбинација со фармерки и патки. Покрај овие „класични“ модели, наместо мантили, кошули и наметки, на сцена се враќаат и модните кимона кои исто така важат за едно на најбараните парчиња за оваа сезона.
Моделот што го носи Гиговска изгледа сјајно, особено со црните сандали со високи потпетици и краткиот црн топ, а убавата пејачка целото издание го зачини со широки панталони со истиот цветен дезен во „бохо“ фазон и од истиот свиленест материјал кој изгледа неверојатно шик.
Што се однесува до широките панталони, покрај тоа што се лежерно и практично парче совршено за овој период од година, можат и визуелно да ви ги издолжат нозете, особено ако се со висок струк како моделот што го носи Антониа.
Гиговска ги носи со едноставна „кроп-топ“ маичка што е совршен избор за олку шарен модел на панталони, а целото издание дополнително го „подигна“ со преубава шминка, темно црвен кармин и елеганта фризура.