Реклама
Вирално

Германците своите 350.000 дизелаши ќе ги тераат на Балканот?

Реклама

По проблемот што пред неколку години се случи со Фолксваген во многу европски градови се воведува ограничување, па дури и потполна забрана за дизел возила.

Ова ги погоди сопствениците на продавници за половни автомобили, а според податоците на германското здружение на трговци за автомобили, дизел возило кое е старо три години, со 45 илјади поминати километри, губи минимум половина од својата вредност. „Еве ‘Пасат дизел еуро 6“, скоро нов автомобил, не можам да го продадам ни за 7000 евра пониска цена, се жали Ајкаган Хасан сопственик на продавница за половни автомобили во Германија.

Маркетинг

Според податоците во Германија има околу 350.000 половни возила со вкупна вредност од пет милијарди евра.

Но проблемот е што препродавачите за нив НЕ можат да најдат купувачи Единственото решение е да ги препродаваат овие автомобили на Балканот, во земји како Хрватска, Србија, Бугарија, Македонија и сл. Во овие земји автомобили и со преку 300.000 поминати километри се продаваат добро. И токму тоа е и она што овие препродавачи го прават – само во 2018 година во овие земји од Германија се извезени преку226.000 половни возила. Тоа е дупло повеќе од 2013, пред скандалот со Фолксваген, кога беа извезени 142.000

Маркетинг

Во Германија се помалку се купуваат дизел возила, посебно откако во последните неколку години се воведени еколошки зони во повеќе од педесет градови во оваа земја. Па така денес на дизел возилата им е забрането да влегуваат во градовите како Штутгарт и Хамбург, а според најавите, забраните во блиска иднина ќе бидат уште поригорозни.

Наскоро вакви мерки се очекува да воведат и останатите градови во Европа, како на пример Милано, Лондон и други.

Кои се најдобрите половни автомобили до 5000 евра

Според анализата на престижниот магазин„ Auto Bild“ на годишниот извештај на германската Асоцијција за технички прегледи (TÜV) , најисплатливо половно возило до 5000 евра без конкуренција е „Volkswagen Golf Plus“. Ова возило нема некои изразени маани, а многу е застапен на пазарот за половни возила, па има повеќе од солиден избор.

Во групата возила со постар „датум на раѓање“ се препорачува и „Ford Fusion“ кој може да се најде за само 1.000 евра, а нуди многу простор и долготрајност.

Иако е нешто поскап за одржување, многу рационален избор е и „Audi A3“ со старост од 8 до 9 години, благодарение на квалитетната изработка и издржливост, без разлика на тоа колку километри има поминато.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button