Реклама
Новости

Германските студентки што земале храна од контејнер за помош на сиромашните казнети од судот со по 225 евра и две години условно

Реклама

„Две студентки од Германија се казнети со поединечни казни од по 225 евра и условна казна затвор од две години , како и на осумчасовна општо корисна работа, бидејќи од контејнер кој бил во близина на еден супермаркет земале од фрлената храна“, пренесуваат локалните медиуми.

Фото: Илустрација

Обвинителството барало казна од по 450 евра, сметајќи дека станува збор за посебно тежок случај на одземање туѓа сопственост, бидејќи контејнерите се наоѓале во заклучена мрежа која се наоѓала позади супермаркетот, а студентките го отвориле просторот со универзален клуч.

Маркетинг

Двете студентки се активистки на движење против фрлање храна, која се фрла поради поминат рок на употреба. Тие во разговор за Шпигел објаснија дека само сакале да им помогнат и на другите против кои во моментов поради таканаречениот „контејнеринг“, како медиумите го нарекуваат ваквиот вид на кражба, во Германија се водат процеси.

Маркетинг

 

Пред почетокот на судењето во гратчето беа одржани протести на кои активистите бараа во Германија да се воведе сличен закон како во Чешка и да не се фрла храна што може да се јаде, туку да им се дава на народните кујни.

Протестот на активистите во Фурстенфелдбрук го поддржа и партијата на Зелените.

Извор: Index.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button