Германка е во голема љубов со патнички авион: „Ние сме интимни, сакам да се омажам за него“
Жена од Германија вели дека е во врска со патнички авион наречен Шатц (благ), за кој вели дека се запознала пред пет години на аеродромот.
Микеле Кобке тврди дека на прв поглед се вљубила во Боинг 737 800, и прво ја привлекле неговите крилја. Таа исто така откри дека нејзиното семејство позитивно реагираше на нејзината љубов кон авионот.
Кобке спие со авионот секоја вечер, кој е 1,6-метарската макета (поточно со еден од неговите делови).
Таа се запознала со авионот на аеродромот Тегел во Берлин, а сега планира да се омажи за него. Го опиша како прва љубов и рече дека тоа е нејзината најубава врска во животот.
Таа вели дека на почетокот излегувала со момчиња. Но, никогаш не почувствувала љубов, се додека не се „запознала“ со Шац. Но, врската на далечина тешко и паѓа, бидејќи Шатц лета низ целиот свет. По бројните критики и коментари кои ги добила, таа само кратко одговара никогаш не била посреќна. „Последен пат кога бев со маж беше во 2011 година, но немаше љубов во него”.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10209533435966600&set=p.10209533435966600&type=3&theater
„Шац е мојата прва љубов, најубавата врска што можам да си ја замислам. Мојот прв лет беше во ноември 2013 година, а потоа се заљубив во авионите. Се возбудувам секој пат кога гледам слики и снимки на авионот”.
„Во март 2014 година бев на Берлин Тегел аеродром, а потоа дојдов 737-800, и оттогаш се вљубив во него”.
Oбјектофилија е форма на сексуалност насочена кон одредени неживи објекти.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10210594948183742&set=a.1467965472951&type=3&theater
Луѓето со овие преференци можат да имаат силни чувства на атракција, љубов и приврзаност кон одредени објекти или структури на кои се фиксирани.
https://www.youtube.com/watch?v=GEJUyyb9sgI
„Интимноста е дел од нашата врска, сакам да се омажам за мојата љубов и да живеам со него во хангарот. Тоа е посебна љубов која никому не му штети”, заклучи Микеле.