Германија VS Австрија – што мислите, во која од овие две држави МАКЕДОНСКИТЕ иселеници живеат подобро?
Ги споредивме цените, разликите се огромни…
Многу често Германија и Австрија се земји кои Балканците ги избираат за да живеат и работат.
Секако не е тајна дека платите се повисоки во европските земји, но сепак и цените кои ги имаат и стандардот за живот не е ист како кај нас.
На македонските гастарбајтери кои живеат во Виена, Австрија, им е потребен „подлабок џеб“ поради фактот дека за разлика од Берлин, австриската престолнина е многу поскапа за живеење, почнувајќи од цените на прехранбените производи како леб, млеко и јајца, па се до автомобили и школување.
Австриската престолнина е двапати поскапа од германската.
Ова откритие е дело на специјализираниот сајт „Нумбео“, според кој виенските ресторани се значително поскапи од берлинските. Така, на пример, цената на оброкот во просечен ресторан во главниот град на Австрија е за 19 проценти повисока отколку во главниот град на Германија. Разликата во цената на пијалаците е уште поизразена.
Пивото во виенските угостители во просек е поскапо за скоро 15 проценти, а Кока-кола или Пепси, верувале или не, за скоро 40 проценти. Слична е состојбата и во самопослугите, кои во Виена се во просек седум проценти повеќе. Интересно е тоа што во Берлин е поскап ориз, компири, кромид, домати, зелена салата, но и јаболка и портокали.
Само кога ќе влезете во Берлин, сфаќате дека Германија е поголема економска сила од Австрија, бидејќи јавниот превоз и горивото се скапи во Берлин, а такси се чека и до еден час. Само во Берлин цената со која започнува да вози таксито е повисока. Исто така, во главниот град на Австрија, автомобилите во просек се поскапи за околу 15 проценти.
Најголемата разлика во животот во овие две метрополи ја чувствуваат родителите со деца, бидејќи грижата за наследниците е далеку поповолна во германскиот главен град. Градинките и училиштата во Берлин се двојно поевтини во однос од виенските предучилишни установи и училишта. КПа очекувано, недвижниот имот е малку поскап во Берлин, но исто толку значаен. На пример, цената на квадратни метри, во центарот на градот е околу 30 проценти повисока отколку во главниот град на Австрија.
Потрошувачките цени во Виена се за 0,94 проценти повисоки отколку во Берлин
Потрошувачките цени, вклучително и закупнината во Виена, се за 1,53 проценти пониски отколку во Берлин
Цените за изнајмување во Виена се за 6,97 проценти пониски отколку во Берлин
Цените во рестораните во Виена се 16,66 проценти повисоки отколку во Берлин
Цените на намирниците во Виена се за 6,97 проценти повисоки отколку во Берлин
Локалната куповна моќ во Виена е за 12,31 процент помала отколку во Берлин
Конечно, и она од што се живее е на страната на Берлин – просечната плата. Вработените во германскиот главен град во просек заработуваат околу 340 евра повеќе отколку во Виена. Доволно за многумина да ги избегнат цените во Австрија уште еднаш.
Па ако размислувате за работа или пак преселба во странство би требало да ги земете овие факти предвид пред да одлучите каде ќе живеете.
Платите во Германија
Според податоците на порталот „Дојче веле“ просечната месечна бруто плата во Германија за 2018 година изнесува 2950 евра. Но ова е бруто плата, а за да ја пресметате просечната нето плата, значи онаа која што на крајот од месецот ја добиваат вработените на своите сметки, откако ќе се одбијат даноците, всушност е 33 отсто помала.
Гледано од аспект на Македонија, платите во Германија можеби се значително повисоки, но гледано на пример од перспектива на Швајцарија, Луксембург и Данска тие се пониски. Тоа го покажуваат и статистиките и бројките, но и искуствата на сите оние кои заминале во овие земји.
Па така на пример доколку имате плата во Германија од околу 2000 евра, за месечни трошоци како што се кирија и сл, ќе потрошите околу 1000 евра (ова в случај да живеете сам во станот). Но и покрај големите трошоци, повторно ви остануваат пари за еден нормален и скромен живот, и со правилен распоред и штедење, можете и да напредувате.
Оние што имаат средено документи и добра работа, можат да реализираат и кредит па на тој начин и да земат куќа или стан и наместо за кирија, која во просек се движи од 500 до 700 евра, да плаќаат кредит.
Исто така не треба да заборавиме дека просечната плата всушност е апстрактен податок и не зборува за тоа колку се добри или лошо платени одредени занимања. Разликата помеѓу оние кои се на врвот на листата и оние на самото дно е огромна, како кај нас, така и во земји како Германија. Па така докторите кои имаат титула на примариус заработуваат во просек повеќе од 120.000 евра годишно, што значи повеќе од 10.000 бруто месечно, нешто помалку менаџерите во трговскиот и финансискиот сектор, а триесетина евра годишно помалку заработуваат лекарите специјалисти.
Од друга страна, оние кои се на дното на оваа листа, одвај врзуваат крај со крај. На неславно последно место се работниците што работат во кујна кои заработуваат во просек помалку од 2000 евра месечно бруто, додека келнерите и фризерите заработуваат само неколку десетина евра повеќе. И тие се меѓу најниско платените.
Меѓу најлошо платени занимања се и агентите во кол-центри, негуватели и возачи на камиони. Значително пониска од просечна германска плата имаат и медицинските сестри со малку работно искуство (во јавните здравствени институции), како и воспитувачите во градинки.