Германец се пофалил како влегол во Црна Гора: Ставив 50 евра во пaсошот и поминав! Еве какво изненадување го пречека потоа (ВИДЕО)
Германскиот турист Даниел Реинхерт (31), кој за црногорските медиуми изјави дека во Црна Гора влегол така што во својот пасош на граничниот премин ставил 50 евра, ноќеска е уапсен под сомнение дека ги прекршил мерките на Националното координациско тело за заразни болести.
Според сознанијата на подгорички Вијести, заедно со него за решетки завршија и тројца негови пријатели со кои претходно престојувал на Косово, а потоа со автомобил влегол во Црна Гора.
Реинхерт на инспекторите од Улцињ, доцна ноќеска им раскажал дека шегувал кога рекол дека ставил пари во пасошот и така влегол во Црна Гора, објави весникот повикувајќи се на извор од полицијата.
И покрај тоа, истражителите поради утврдување на сите релевантни факти, побарале земање на видео снимката од граничниот премин Божај, преку кој тој со пријателите влегол во Црна Гора.
našao i video 🤣
.
.
N – čime ste putovali i da l ste imali problema na granicu?
T – putovao sam autom i platio sam
N – platali ste za test za covid 19?
T – ne, ne! stavio sam 50 eur u pasoš i prešao granicu
N – ozbiljno?
T – da!
N – zanimljivo!
T – da, ovo je Crna Gora, što ćeš https://t.co/yMVNtbmAKc pic.twitter.com/r95uKG1r4f— Giovanni / Gjovani 🛸 (@0xGio) July 11, 2020
Тие на полицијците на граница им рекле дека се во транзит и дека имаат намера да патуваат за Хрватска, но сепак завршиле во Улцињ. Претходно на граничниот премин Сикобин- Муриќани, на нив не им е дозволено да влезат во Црна Гора без претходно направен ПЦР тест за коронавирус.
Веднаш по објавата на снимката на социјалните мрежи и порталите, истражителите ги идентификувале лицата и тие се приведени ноќеска околу 22 часот.