Генијален трик со кој ги снемува целулитот и стриите на задникот за само три секунди!
Социјалните мрежи се преполно со фотографии пред и потоа
Фитнес блогерката Луиз Обери сподели една фотографија на социјалните мрежи која за разлика од нејзините вообичаени фотографии на кои вежба или се гледа храната која што ја јаде, носи многу поважна порака. Имено инструкторката по фитнес овој пат ја покажа разликата пред да ги стегне мускултие на задникот и потоа, и тоа изгледа неверојатно.
https://www.instagram.com/p/Bim7QUoA09L/?utm_source=ig_embed
Луиза објави фотографија на која носи костим за капење и на едната од нив и се гледаат стриите и целулитот на задникот, а на втората, која е направена само неколку секунди подоцна, фитнес блогерката ги затегна мускулите, односно задникот, и глетката е потполно различна. Таа со овие две фотографии на своите 150 илјади обожаватели од целиот свет им покажа дека нејзиното тело изгледа исто како нивното, но дека се уште го сака и воопшто не се срами од него.
„Кога почнав со вежбање се надевав дека и јас наскоро ќе имам тело какво што очекував. Конечно ќе добијам рамен стомак и ќе немам целулит. Имено, тоа сите го очекуваме затоа што таква е перцепцијата за здравото тело.“
„Бидејќи луѓето мислат дека не е нормално да имате вакво тело. Но знаете што? Тоа е нормално. Се уште имам сало на стомакот. Да и се уште имам целулит. И да, јас се уште сум здрава. Треба да запомнете само едно, вашето тело НЕ е вашиот непријател.“ вели оваа девојка под фотографијата.
https://www.instagram.com/p/Bd0l40NAkpN/?utm_source=ig_embed
Фотографијата веднаш стана вирална на социјалните мрежи, а девојките од цел свет и честитаа на храброста и искреноста поради која многумина сега ќе го ценат многу повеќе она што ќе го видат кога ќе застанат пред огледалото.