Гвинет Палтроу го прослави излегувањето на нејзината козметичка линија Goop меѓу другото и со кратко предавање за правење овошни сок.
Актерката и покрај тоа што е во четвртата деценија од животот, се уште изгледа младешки и беспрекорно. Таа на предавањето кое што се случи деновиве во склоп на презентацијата во Њујорк со јавноста ја сподели нејзината тајна за здрава и блескава кожа во вид на рецепт за смути со кое го започнува секој ден. Станува збор за пијалак кој содржи поприлично многу природни состојки од кои можеби за некои и не сте слушнале, но и овошни пакетчиња прав од „Moon Dust“. Оваа витаминска бомба може да ја правите во неколку различни варијанти, односно во зависност од расположението вашиот шејк можете да го комбинирате со „Brain Dust“, „Beauty Dust“ или „Sex Dust“ прав. Но, и покрај тоа што рецептот звучи многу едноставно, единствена маана за овој овошни сок е тоа што некој од овие состојки навистина е тешко да се најдат во нашите продавници за здрава храна.
1 Шолја млеко од бадем
1 лажичка путер од бадем
1 лажичка масло од кокос
2 лажички протеински шејк со вкус на ванила
1 лажичка златна мака
1 лажичка ашваганда (зимски цреши)
1 лажичка хе шо ву
1 лажичка печурки кордицепс
1 лажичка прав од Moon Dust
1 прстофат хималајска сол
Сите состојки (прочитајте повеќе за нив на следната страна) треба да ги ставите во блендер одеднаш и да мешате додека не ја добиете потребната густина на сокот. Доколку сакате, можете да додадете вкус на ванила и да уживате во овој здрав оброк.
Премини на следната страна >>