Гавазова се соблече во бикини и го „запали“ Инстаграм – пејачката ужива во луксузната вила во Стар Дојран
Изгледа како тинејџерка, секоја чест
Сузана Гавазова ужива за сите пати во убавото време
Познатата фолк пејачка Сузана гавазова на својот Инстаграм објави снимка на која е во костим за капење.
Таа позираше покрај базенот во својата нова вила во Стар Дојран, а во центарот на вниманието е нејзиното беспрекорно тело.
Веќе одамна е познато дека Гавазова е една од најзгодните жени на нашата естрада, а пејачката сега тоа и го покажа.
Имено, таа во костим за капење во светло сина нијанса го покажа својот совршено рамен стомак, но и сите останати детали од нејзиното тело.
Она што на сите посебно им е интересно е тоа што пејачката има 43 години и две ќерки, а воопшто не изгледа така.
Имено, нејзиното тело е во беспрекорна форма, па постојано добива коментари дека изгледа многу помладо и дека е вистинска бомба.
Таа во една пригода, во интервју за Гламур магазин, ја откри тајната на нејзиниот изглед која претставува совет за сите дами.
„Тајни нема. Денес секој знае што треба за добар изглед. Треба спорт, здрава исхрана, без стрес и нервози“, изјави тогаш познатата македонска фолк-пејачка.
Повеќе фотографии од ова нејзино издание погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова