Гавазова се разладуваше покрај базен, па направи НЕВИДЕН ХАОС на социјалните мрежи со само една објава (ФОТО)
Летните температури придонесоа се повеќе пејачки да се расоблечат и да ги покажат своите атрибути.
Една од нив беше и Сузана Гавазова која секако важи за една од најзгодните на македонската естрада.
Сузе направи кратко видео и го постираше на „стори“ па ја крена температурата до максимум порадо ваквото издание.
Моделот во потокалова боја одлично и прилегаше на тенот на Сузе, а за „останатото“ воопшто не мора да зборуваме.
Инаку Гавазова важи за вистинско „освежување“ на македонската фолк сцена каде секогаш знае да се појави со уникатен и провокативен стајлинг, а плени и со својот глас.
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова веќе долги години е присутна на нашата естрада и препознатлива е по својот стил со кој постојано го привлекува вниманието на своите верни обожаватели, како на своите настапи така и со фотографиите што ги објавува на Инстаграм.
Секако неодоливото тело на фолкерката се должи и на напорно вежбање, а Гавазова често објавува фотографии од теретана.
Облечена во хеланки и тесна маичка, Гавазова покажа дека со „неподнослива“ леснотија ги прави и најтешките вежби, а тоа секако и се исплати.
Гавазова на музичката сцена се појави пред повеќе од две децении и во тоа време беше вистинско освежување со своите интересни модни комбинации и стајлинг.
Често се појавуваше на македонските фестивали и беше честа гостинка во дијаспората.
Во екот на популарноста за време на една турнеја таа го запозна нејзиниот сегашен сопруг Јасмин со кој се венчаше и има две прекрасни ќерки.
Тие извесно време живееја во Шведска, но сепак реши да се врати во Македонија.
ФОТО: Сузана Гавазова/Инстаграм
ФОТО: Сузана Гавазова/Инстаграм
ФОТО: Сузана Гавазова/Инстаграм
ФОТО: Сузана Гавазова/Инстаграм
ФОТО: Сузана Гавазова/Инстаграм
ФОТО: Сузана Гавазова/Инстаграм