Гавазова распали по оние што шират големо зло за неа – пејачката ова повеќе не може да го трпи! (видео)
Ја најави турнејата во Австралија, но не заборави да ги поткачи и сите оние што ја навредуваат
Ова никој не го очекуваше!
Нашата голема музичка фолк ѕвезда, Сузана Гавазова, наскоро заедно со групата „Молика“ ќе ја започнат новата турнеја во Австралија.
По тој повод пејачката се огласи на својот Инстаграм, а од претходно објавените рекламни материјали може да се заклучи дека влезниците за настапите се распродаваат со брзина на светлината.
Гавазова за оваа пригода носеше каубојски шешир и кошула во бела боја, а во центарот на вниманието беше нејзиното деколте.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Но покрај својот брутален изглед, Гавазова им се обрати на сите оние што шират омраза и невистини за неа на социјалните мрежи.
Како што самата вели во ова свое обраќање на Инстаграм, целта на оваа турнеја е да докаже на некои луѓе што цело време се обидуваат да ѝ нанесат толку зло и неправда, зборувајќи за неа многу невистини.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Еве сега шират муабети дека нема да дојде Сузана Гавазова во Австралија. Тоа не е точно. Сузана Гавазова ќе дојде со голема желба да се дружи со моите фанови, со мојата голема армија обожаватели која цело време ме поддржува и го сака тоа што го работам, и навистина се радувам што ќе дојдам во Австралија. Голем поздрав до сите што ме очекуваат и кои ќе дојдат на нашата турнеја, на нашите концерти“, изјави Гавазова во своето обраќање на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Како што самата објави, турнејата започнува на 12 април во ресторан „Антика“ во Сиднеј, следниот ден во спортски центар Илинден исто така во Сиднеј, додека на 14 април во градот Волонгонг, па следниот викенд со турнејата продолжуваат во Мелбурн.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…