Гавазова најавува спектакл за нашите иселеници од Швајцарија – Драгана Мирковиќ настапува со неа
Сузана Гавазова и Драгана Мирковиќ ќе настапат заедно, а со нив уште една балканска фолк-легенда
Најавуваат вистински спектакл
Македонската фолк-ѕвезда Сузана Гавазова заедно со Драгана Мирковиќ и Мирослав Илиќ ќе имаат заеднички настап.
Станува збор за голем концерт што ќе се одржи на 18.05 во Берн, Швајцарија, за кој веќе се бара влезница повеќе.
Гавазова ги изненади своите бројни следбеници на Инстаграм објавувајќи дека ќе настапува со балканските фолк легенди, а концертот го најави и кралицата на фолк-музиката, Драгана Мирковиќ, која ги покани своите верни фанови преку Фејсбук.
Принтскрин/ Фејсбук
Со нив ќе настапи и бардот на балканската народна музика Мирослав Илиќ, а концертот ќе се одржи во Eventhall Bern-Wankdorf.
Потсетуваме, Гавазова веќе неколку недели е на турнеја во Австралија заедно со групата Молика, Џамбо Агушев, Мишел Трајковски и Мајкл Карадаковски. Тие веќе имаа неколку успешни настапи пред нашите иселеници од оваа далечна земја, а од снимките што деновиве се вртат по социјалните мрежи можеме да заклучиме дека речиси сите овие забави беа луди и незаборавни.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Салите каде што тие настапуваат се полни до последно место, а гостите цело време играат и пеат заедно со музичарите.
Како Гавазова изгледаше на некои од овие настапи, погледнете од фотографиите во продолжение…