Гавазова им најави спектакл на Македонците во Италија – пејачката со песна и деколте од милион долари
Еве зошто никој не го тргаше погледот од неа
Пејачката Сузана Гавазова заедно со колегата Живко Динев и „Бенд“ им направија одлична забава на Македонците во Италија.
Тие настапија во еден ресторан во градот Порденоне каде на гостите им приредија незаборавна музичка вечер.
Оваа екипа заедно настапуваат и вечерва, но овој пат по повод 10 години од постоењето на Македонската Православна Црква во општина Собор на сите Македонски Светители, Порденоне Италија.
Инстагрм/ Сузана Гавазова
Не се сомневаме дека Гавазова со својот енергичен настап и овој пат ќе приреди одлична забава за Македонците, а многумина беа воодушевени и од комбинацијата што пејачката веќе ја носеше.
Инстагрм/ Сузана Гавазова
Имено, таа за оваа пригода избра светкаво фустанче во металик сина нијанса, а посебно внимание привлече со деколтето.
Пејачката со ова издание ги истакна своите облини, додека фризурата и шминката го заокружија аутфитот и додадоа софистициран изглед.
Инстагрм/ Сузана Гавазова
Гостите и овој пат беа воодушевени од настапот на Гавазова која уште еднаш го оправда статусот на една од нашите најбарани ѕвезди.