Гавазова и Џими Мицевски одвај чекаат да дојде овој ден – пристигнуваат честитки, сите ги очекуваат (видео)
Познатата пејачка заедно со групата на својот колега Џими Мицевски најави голема турнеја во Австралија

Еве како изгледаше на пробата
Нашата позната пејачка Сузана Гавазова одржа проба сo врвните музичари од групата „Молика“ со кои ќе оди на турнеја во Австралија.
Со екипата е и хармоникашот Мишел Трајковски како и виртуозот Мајкл Карадаковски, а од снимките што пејачката ги сподели можеме да видиме дека тимот е и повеќе од подготвен за турнејата во оваа прекуокеанска земја каде што живеат многу наши иселеници.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Турнејата започнува наскоро, а Гавазова откри дека снимат и нова песна за која нема да се изненадиме ако биде голем хит.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Како изгледаше Гавазова на пробата, но и како звучеше оваа екипа, погледнете и слушнете во продолжение…
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Како што може да се заклучи од објавите на социјалните мрежи, интересот за нивните настапи е голем и веќе се бара влезница повеќе.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Турнејата започнува следниот месец со веќе најавени настапи во неколку поголеми градови, а покрај Гавазова и „Молика“ со нив ќе настапат и музичарите Мишел Трајковски и Мајкл Карадаковски.