Гавазова и Цаки Кисми вечерва ќе прават „џумбуш“ во Швајцарија – Македонците веќе ги очекуваат
За нивниот настап се бара влезница повеќе
Македонската фолк-ѕвезда Сузана Гавазова заедно со Цаки Кисми вечерва ќе одржат концерт во Швајцарија.
Една од нашите најпознати фолк-пејачки Сузана Гавазова за 8-ми Март пееше во германскиот град Карлслуе каде направи забава за паметење, а фотографии и видеа од настапот цел ден се вртат на интернетот.
Пејачката настапи во провокативно црно издание, а гостите беа воодушевени и цел вечер заедно пееја со пејачката.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Лудo и незаборавно си помина и самата пејачка која по настапот на Инстаграм им се заблагодари на домаќините за гостопримството.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Синоќа беше ноќ за паметење, публиката беше прекрасна, атмосферата беше на ниво и си поминавме сите заедно лудо и незаборавно. Ви благодариме за прекрасната вечер“, напиша Гавазова на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа вечерва заедно со својот колега Сашо Нојкиќ (Цаки Кисми) настапува во Швајцарија, а повеќе од сигурни сме дека и оваа забава ќе биде незаборавна за нашите иселеници во оваа земја.
Фејсбук/ Цаки Кисми
Цаки Кисми објави неколку фотки по пристигнувањето во Швајцарија видно расположен и спремен да направи шоу.