Гавазова ги распамети гостите со кусото фустанче, а на колешките им одржа лекција по мода и стил
Пејачката повторно ги воодушеви сите...
Гавазова често привлекува внимание и со своите стајлинзи
Пејачката Сузана Гавазова овој викенд одржа неколку настапи во Италија на кои им приреди одлична забава на нашите иселеници.
Но покрај одличната забава, гостите беа воодушевени и од настапот на пејачката, но и од нејзиниот провокативен изглед.
Познато е дека нашата фолк-пејачка за своите настапи секогаш избира впечатливи креации во кои што изгледа како светските ѕвезди, а со едно од своите последни изданија никого не остави рамнодушен, но и на многу колешки им одржа лекција.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Имено, Гавазова овој пат се појави во бело кусо фустанче, така што во преден план ги истакна своите нозе.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Креацијата беше без ракави и со суптилни отвори со кои пејачката во фокусот го стави и овој дел од своето тело, а целото издание дополнително го „зачини“ со металик сандали.
На рацете носеше впечатливи златни нараквици, а косата и беше врзана и со неколку прамени пуштени да паѓаат преку лицето.