Гавазова во пpoвокативно издание на кое и Јелена Карлеуша би и ЗАВИДУВАЛА – изгледа како модел од модните списанија!
Нашата позната пејачка воопшто нема да згреши и ако во животот реши да стане модна блогерка.
Сузана Гавазова е една од најангажираните пејачки кај нас, која со својот изглед плени каде и да се појави.
Но покрај своите редовни настапи и обврски, популарната пејачка речиси секојдневно објавува и модни фотографии на својот Инстаграм, а со секоја нова комбинација дополнително не изненадува и ги поместува границите.
И додека во текот на летото уживавме во нејзините „оскудни“ изданија во костими за капење, шармантната пејачка овој пат не почести со едно од најдобрите модни изданија што сме ја виделе во последно време.
Имено, Гавазова е згодна и успешна дама која знае како да ги износи смелите и провокативни стајлинзи, и со нив никогаш не греши. Така беше и овој пат кога заблеска во креација во какви најчесто ја гледаме Јелена Карлеуша, и ги остави сите без здив.
Во прашање е фустан со големи прорези на стомакот и длабок шлиц, кој повеќе открива отколку што сокрива.
Но пејачката очигледно нема проблем со тоа, па и овој пат беше во центарот на вниманието.
Таа и неодамна не воодушеви со црниот комбинезон, но овој пат блесна за сите пари и ги освои сите.
Пејачката целото издание го зачини со својата долга, пуштена коса, која што ја носепе пуштена на едната страна, а целата комбинација ја „зачини“ со тенки високи потпетици.
Ова секако дека не е прв пат пејачката да не воодушеви со својот моден избор, а зошто е тоа така, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова