ВЉУБЕНИ КАКО ПРВИОТ ДЕН: Ја гледа БЕЗ ДА ТРЕПНЕ – Миле Паника и неговата сопруга на романтична вечера
Секоја жена посакува мажот да ја гледа вака после долги годи и поминати заедно.
Не постои човек во земјава кој не слушнал за популарното хумористично шоу К-15.
Генерации и генерации израснаа со хуморот на легендарните Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки.
К-15, започна да се емитува во средината на 90-те години .
К-15 е основано и оригинално го сочинуваат актерите Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски, но често се појавува и други актери.Тројцата основачи беа исто така и дел од сценаристите и режисерите.
Првата епизода беше емитувана на 23 ноември 1994.
Во шоуто се исмеваа и обработуваа социјалната, политичка и економска ситуација, особено нелогичностите во македонското општество, етничката толеранција, стереотипите, табу-темите и животната средина.
Актерот Бранко Огњановски стана препознатлив по ликот на Миле Паника, кој имаше карактеристичен изговор, говорна маана, кој често се служеше со српски фрази за дополнителен ефект на неговиот хумор.
И покрај тоа што К-15 повеќе не се емитува, луѓето сѐ уште на улица го препознаваат по ликот на Миле Паника.
Актерот веќе долго време работи на друг проект, кој публиката веднаш го прифати.
„Фчерашни новости“ е емисија што на интересен и забавен начин, преку хумор, сатира и исмејување ги критикува носителите на власта во државата, но и секојдневните општествени збиднувања.
Бранко е главен и одговорен уредник на емисијата и вели дека шоуто не штеди никој и се исмеваат сите, без оглед на политичката партија.
Иако не често, Огњановски знае да изненади и со фотиграфии на социјалните мрежи. Освен што споделува моменти од професионалниот живот, нерерко знае да објави фотографии и со жената која го освои неговото срце.
Неговата сопруга или како што ја нарекува, неговата инспирација, е вкстинска убавица, а нивната љубов, судејќи според фотографиите, е цврста и силна како првиот ден.
Нaјчесто на Инстагрсм објавуваат слики од нувните патувања.
Најмногу внимание привлекоа сликите од одморот во Капри, по чие објавување пишуваа сите медиуми.
На нив можевме да видиме колку уживаат тој и неговата сопруга.
„Фил соу гуд и сл.“ напиша Миле под една од фотографиите.
Огњановски ја изненади публиката со нови фотографии од него и сопругата. На нив се гледа дека уживаат на романтична вечера во вкусно вино.
Она што најмногу привлече внимание е среќата со која зрачи парот.
Бранко гледа во својата сопруга вљубено, а таа не ја трга насмевката од лицето.
Овој пар дефинитивно треба да биде пример за сите дека љубовта се негува постојано и се работи на неа.
ФОТО: Инстаграм / Паника Миле
ФОТО: Инстаграм / Паника Миле
ФОТО: Инстаграм / Паника Миле
ФОТО: Инстаграм / Паника Миле
ФОТО: Инстаграм / Паника Миле
ФОТО: Инстаграм / Паника Миле
ФОТО: Инстаграм / Паника Миле
ФОТО: Инстаграм / Паника Миле
ФОТО: Инстаграм / Паника Миле
ФОТО: Инстаграм / Паника Миле
ФОТО: Инстаграм / Паника Миле
ФОТО: Инстаграм / Паника Миле
ФОТО: Инстаграм / Паника Миле
ФОТО: Инстаграм / Паника Миле
ФОТО: Инстаграм / Паника Миле