Вљубени и среќни, се спакуваа и заминаа од Македонија – еве каде ужива ќерката на Јохан и Соња Тарчуловски
Младата пејачка си замина од земјава заедно со момчето.
Мелани и нејзиниот сакан рзменуваа страсни бакнежи и уживаа на своето патување.
За Мелани Тарчуловска допрва ќе се слуша.
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
Таа е ќерка на пејачката Соња Тарчуловска и политичарот Јохан Тарчуловски.
Талентот за музика го наследи од мама и полека, но сигурно чекори кон голема кариера.
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
Мелани ги има сите предиспозиции да стане голема ѕвезда.
Уште од многу мала учествува на музички натпревари надвор од нашата земја и освојува први награди.
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
Последно учествуваше на шоуто Ѕвездите на Гранд, што ѝ донесе популарност и на балканскиот пазар.
Веќе започна да настапува на разни настани и низ клубовите во Македонија, а публиката со нетрпение очекува и нов хит од неа.
ФОТО: Инстаграм / Мелани Тарчуловска
Мелани е активна на социјалните мрежи, каде од неодамна покажа дека повеќе не е сама и има момче.
Таа е вљубена до уши, а доказ за тоа сеи новите фотографии направени на патувањето во Италија,каде замина со својот сакан.
Од јавноста го крие неговиот лик, но сепак сподели нивни романтични фотографии.