Вљубена до уши: Адријана Кеш му скокна во ПРЕГРАТКА на момчето, па му ги стави нозете в скут
Македонската фолк пејачка сподели романтични фотографии со момчето и предизвика лавина реакции.
Адријана Ацевска или во јавноста позната како Адријана Кеш долги години е дел од македонската музичка сцена, но сега најмногу ужива во популарноста.
Со објавувањето на нејзиниот најголем хит „Кеш, кеш” направи вистински „бум” на естрадата.
Песната веднаш стана популарна меѓу публиката, а денес не може да помине ниту една веселба без да се испее оваа песна.
„Песната „Кеш“ ми беше пресврт во кариерата. Кога ја снимив, можеби не бев подготвена. Кеш ме обележа. Си ги сакам сите песни. Драго ми е што и ден денес се вратат, се пеат на моите настапи. Името го добив по песната и мило ми е што ме препознаваат по некоја моја песна“, кажа пејачката во едно свое телевизиско интервју.
Малкумина ги паметат почетоците на Адријана, но таа во музичките води запливала уште на 7 годишна возраст.
Тогаш пеела во хорот на Сидо фестивалот за деца.
Подоцна започнала прво со пеење на забавна музика, а потоа се трансформирала во фолк изведувач.
Пејачката е инаку по потекло од Битола од каде, како што самата вели, носи најубави спомени од целиот живот. Периодот на пандемијата Адријана го помина токму таму.
Една е од ретките кои максимално вложуваат во својот физички изглед.
Без оглед на пригодата, Адријана секогаш е средена од глава до пети.
Како што и самата вели, вложува многу во себе. Не е спортски тип, но секогаш е соодветно облечена за секоја прилика.
Освен што е посветена на професијата и доста ангажирана, таа се труди да е активна и на социјалните мрежи.
Често со своите фотографии знае да ја скокотне и машката фантазија.
Скоро никогаш не зборува за приватниот живот и никогаш јавно не обелоденила љубовна врска.
Но, Адријана сега се одлучи за мала промена.
На својот Инстаграм профил сподели романткчни фотографии со згоден маж.
Заљубена до уши Адријана скокна во неговата прегратка.
Таа не го открива ликот на момчето, па не може да се претпостави дали можеби станува збор за некој од јавната сцена или пак за некој кој не сака јавно да се експонира.
Како и да е, се чини дека пејачката е пресреќна.
Погледнете:
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш