Реклама
Вирално

Врвот на СЗО загрижен: Најлошото допрва доаѓа

Реклама

Генералниот директор на Светската здравствена организација (WHO) Тедрос Адханом Гебрејесус уште еднаш ги предупреди земјите добро да размислат за ублажување на мерките во текот на пандемијата од коронавирусот.

Освен што повторно ги смируваше страстите од САД, предупреди дека луѓето и натаму не знаат доволно за коронавирусот, а ситуацијата ја спореди со шпанскиот грип од 1918 година од кој животот го загубија 100 милиони луѓе.

„Верувајте ни, најлошото допрва следува. Да ја спречиме оваа трагедија. Многу луѓе се уште не го разбираат овој вирус. Ваква пандемија не сме имале 100 години и потсетува на шпанскиот грип од 1918 година. Но сега имаме технологија, може да спречиме катастрофа“, напомена Гебрејесус во Женева.

Маркетинг

Повеќе од два милиони и 400 илјади во светот се заразија од коронавирусот. 644.589 се опоравија, додека битката со болеста ја изгубија 169.739 лица.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button