Вработил една жена „на црно“ во Германија! Сега се соочува со огромна парична казна!

Вработените во царинската управа од Дортмунд во Гелзенкирхен контролирале ресторан во кој затекнале женско лице од Босна и Херцеговина кое таму работело без документи.
„На 21 ноември 2023 година, службениците на финансиската контрола на незаконското работење на главната царинска испостава во Дортмунд проверија ресторан во Гелзенкирхен.
Меѓу другите, во ресторанот бил пронајден и државјанин на Босна и Херцеговина. Најпрво се обидела да избега од контролата, но полицијата набрзина ја фатила во подрумот на зградата“, се наведува во соопштението на Царинската испостава, пренесува Феникс-магазин.
Таа немала дозвола за престој
За да можат да работат во Германија, граѓаните на Босна и Херцеговина мора да имаат дозвола за престој што им дава право да работат во Германија.
23-годишна жена се легитимирала со пасош на БиХ и лична карта. Таа немала соодветна дозвола за престој.
„Кога цариниците влегле во ресторанот, сопственикот на ресторанот влетал во кујната и гласно ги предупредил своите вработени извикувајќи „царинска контрола“, изјави портпаролката на главната царинска испостава во Дортмунд.
„Младата жена потоа истрча низ задниот влез од кујната во скалите и се обиде да се сокрие во подрумот, каде што полицајците успеаја брзо да ја фатат“, рече портпаролката.
Цариниците против жената покренале кривична постапка поради сомнение за нелегален престој во Германија, па привремено ја привеле. Имиграциските власти сега ќе одлучуваат за нејзината судбина.
Против работодавачот се води постапка за помагање во нелегален престој и незаконско вработување на работници без важечка работна дозвола. Нему му се заканува затворска казна до десет години. Дополнително, можна е и казна до 500.000 евра.
На странците кои не доаѓаат од ЕУ, ЕЕА или Швајцарија обично им е потребна дозвола за престој за да влезат, и дозвола да работат во Германија.
Без него, вработувањето во Германија е нелегално.
Дополнително, оние кои работат на црно немаат ниту здравствено осигурување, ниту осигурување од незгода, ниту право на пензија или паричен надоместок за невработеност“, предупредуваат тие.