Војвотката од Сасекс не престанува да ги шокира Британците – овој пат најмногу се изненадени претставничките на понежниот пол!
Британците изненадени од овој чекор на Меган Маркл
Најпознатите британски медиуми пренесуваат дека поранешната актерка решила да започне да дизајнира облека, а приходите од заработката ќе одат во хуманитарна организација за помош на невработените жени. Овие информации се појавија откако војвотката го уреди септемврискиот британски „Вог“ со што исто така подигна голема прашина.
Меган Маркл одлучила да започне своја модна линија, а приходите ќе одат во хуманитарната организација која им помага на жени во неповолна ситуација и на невработени жени кои бараат работа.
Војвотката од Сасекс во септемвриското издание на магазинот „Вог“ објаснува дека продажбата во модниот бренд што планира да го направи ќе се одвива според моделот „еден за еден“, односно на секое купено парче следува едно кое ќе биде донирано во хуманитарни цели.
„Целта не е во тоа да донирате облека туку дека сме заедно во меѓусебниот успех“, откри Меган која стана дел од организацијата Smart Works која обезбедува обуки и облека за интервју за невработените жени и која досега им помогнала на повеќе од 11.000 жени.