Реклама
Холивуд

Војвотката од Корнвел се соблече во костим за капење и уживаше во тиркизното море

Реклама

Војвотката на Корнвол на плажа

Кога станува збор за кралските семејства, нивните претставнички најчесто ги гледаме во скапи, елегантни комплети или фустани со кои се појавуваат на официјалните настани. И бидејќи најчесто патуваат таинствено, заради нивната безбедност, ретко имаме прилика да видиме член на британското кралско семејство во костим за капење.

Маркетинг

Но, секое правило има исклучок, па така папараците успеале да ја фатат војвотката од Корнвол, Камила Паркер, на плажа.

Маркетинг

Таа во моментов е на турнеја низ Барбадос, каде замина со својот сопруг, принцот Чарлс, а на која требаше да биде кралицата Елизабета.

Камила одлучи да направи пауза од кралските должности, и го искористи слободното време да поплива во тиркизниот води на Карипското Море. Таа на плажата се појави во едноделен син костим за капење, и тоа без сопругот, на кого сонцето и солената вода не му годат.

Инаку, Камила Паркер, сопругата на принцот Чарлс, во британската јавност не е баш омилена дама од кралскиот двор. Многумина и замеруваат што му била љубовничка на принцот Чарлс уште додека тој бил во брак со Дајана, а според пишувањата на некои медиуми инспирирани од книгата на Имоген Тејлор, „фаталната“ војвотката во младоста ги менувала мажите како чорапи.

„Никогаш не била срамежлива и секогаш била без влакна на јазикот, била забавна и многу популалрна кај мажите“ – пишува „Дејли мејл“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button