Војвотката од Kембриџ во бели патики и шик панталони во какви ја немате видено досега
Еве зошто војвотката им е омилена на Британците
Кејт Мидлтон со семејството го помина денот во градината „Back to Nature”, во чие што уредување учествуваше лично, а се врати на ова преубаво место како би го минала денот пред свеченото отворање во дружење со децата и работниците што допринесоа за рајската градина да изгледа вака.
На настанот имаше и новинари, а војвотката за истиот избра совршено пролетно издание – широки кафеави панталони и бела блуза во комбинација со бели патики.
Со својата елеганција, елан и непосредност таа разговараше со секој што сакаше да разговара со неа, а со тоа по кој знае кој пат покажа и зошто е омилена меѓу британскиот народ и зошто нејзините обожаватели кои што ги има низ целито свет ја споредуваат со принцезата Дајана.