Вонсериска убавина на сопругата на Мики Црнокрак – Светлана ги ВООДУШЕВИ сите со изгледот, мажите му завидуваат!
Некогашната манекенка и водителка е рај за очите, а сега позираше во издание какво ја немаме видено.
Светлана Ценокрак иако веќе ја гази петтата деценија од животот, сепак може да се пофали со тело на кое завидуваат и помладите девојки.
Светлана е една од реткките која максимално вложува во нега на физичкиот изглед, а тоа секако раѓа со плод.Витка линија, совршен тен и кожа ја красат Светлина, а на нејзиниот изглед може да позавидат и помладите девојки.
Каде и да се појави мами воздишки, а многумина ја нарекуваат и македонската Моника Белучи.
Личност која плени со својата убавина, успешна жена и мајка која зад себе има кариера која е за почит. Таа е од првите манекенки во Македонија.
Светлана е активна на социјалните мрежи, каде од време на време знае да сподели и по некоја провокативна фотографија, на која може да се види нејзиното тело.
Добро познато на јавноста ѝ е дека таа е долги години е во брак со својот сопруг Мики Црнокрак.
Двајцата со години успешно го водат семејниот бизнис, односно тие се сопственици на модното студио „Црнокрак“. Тие важат за една од најстабилните брачни двојки меѓу познатите во Македонија.
Благодарение на нив многу девојки станаа успешни манекенки и досега имаат организирано голем број модни настани.
„Се запознавме каде на друго место ако не на модна ревија и тоа во Битола, една ипол година пред нашата свадба, која се случи точно на 11 октомври во 1997 година.
Свадбата ќе ја паметиме по големото невреме и силниот дожд кој не ни пречеше, а старите ни го протолкуваа како добар знак за среќен и бериќетен брак. Кога се запознавме, се случи љубов на прв поглед, па потоа дојде и и втор и трет.
На почетокот на љубовта ништо не ни пречеше еден кај друг, а и сега потолку годинa брак се навикнавме и се прилагодивме на се, па дури и на тоа што можеби ни пречело“, изјавија Црнокрак.
Плод на нивната љубов се нивните две ќерки, двете убавици Моника и Нина. Моника има 24 години, а нејзината сестра е 13 години помлада од неа.
Нивната поголема ќерка, Моника студира Економски факултет и тргна по стапките на своите родители.
И таа започна професионално да се занимава со манекенство и досега има освоено неколку титули за убавина, меѓу кои и онаа од нејзиниот дебитански настап во 2018 година. Таа тогаш на изборот за Мис лето Интернационал што се одржа во Киренија, Кипар ја освои титулата за Мис фотогеничност.
Покрај сите работни обврски, семејството Црнокрак одлучи да си даде оддишка и да замине на одмор.
Во текот на жешките денови Црнокрак се разладуваа во македонскиот бисер – Охрид.
Оттаму Светлана сподели и фотографија од плажа со која ги воодушеви сите.
Додека мама позираше, тато и малата Нина уживаа во летните лудории.
Се чини дека летото не заврши за нив, па тие ги користат и последните сончеви зраци пред да залади.
Светлана повторно ги изненади своите фанови, овој пат со фотографија во бикини.
Во вакво издание досега јс немаме видено.
Дефинитивно изгледа како милион долари. Тело и облини на кои сите може да позавидат.
Фото: Фејсбук / Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук / Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук / Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук / Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук / Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук / Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук / Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук / Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук / Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук / Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук / Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук / Светлана Црнокрак