Реклама
Вести

ВОЗЕНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Џиновски билборд смачка бензинска пумпа, има и мртви

Медиумите пренесуваат дека жителите на тој дел на Мумбаи предупредупредувале на опасноста од ваква голема градба.

Реклама

Најмалку осум лица загинаа кога силните ветрови урнаа огромен билборд на бензинска пумпа во Мумбаи. Несреќата се случила денеска.

Повеќе од 60 лица се префрлени во болници, додека се стравува дека околу 30 лица сè уште се заробени под неколку тони дробено железо – јавуваат локалните медиуми.

Вознемирувачкото видео покажува како билбордот паѓа на бензинска пумпа и автомобилите на страната на прометниот автопат во Пант Нагар.

Маркетинг

– Билбордот падна врз автомобили, мотоцикли, луѓе … Им помогнавме на повредените да излезат – изјави за АНИ очевидец.

Медиумите пренесуваат дека жителите на тој дел на Мумбаи предупредупредувале на опасноста од ваква голема градба.

Маркетинг

– Пант Нагар се наоѓа на мочуришта и во минатото имало случаи на колапс на пат. Овде се поставува прашањето дали изведувачот кој изградил толку огромна градба направил доволно длабока основа. Многумина се пожалија на незаконитоста, но не е преземено ништо за уривање на објектот – вели еден од локалните функционери.

ВИДЕО 

 

Извор Курир.рс

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button